Премиера на „Поткровје“ на режисерот Александар Ивановски во МНТ



На малата сцена во Македонскиот народен театар на 9 декември, со почеток во 20 часот, премиерно ќе биде одиграна претставата „Поткровје“ според „Цената“ на Артур Милер, а во режија на Александар Ивановски.

Се е прашање на гледна точка, и ако не можете да ја разберете гледната точка тогаш невозможно е да ја разберете цената, вели режисерот Ивановски.

Поткровје е претстава која ја истражува цената на одлуките, одговорноста која ја имаме кон себе и кон семејството, и вината со која живееме поради изборите што сме ги направиле.

Во претставата играат: Томислав Давидовски, Елена Кузманов, Горан Ников и Хари Михајловски.

Како креативни соработници се потпишуваат сценографот Ненад Тонкин и дизајнерот на плакатот Тео К. Атанасовски.

Следната изведба ќе биде закажана во текот на месец јануари 2024 година.

– Реклама –



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Песот на Бајден ги каснал тајните агенти најмалку 24 пати

Кучето Командер на американскиот претседател Џо Бајден каснало агенти...

„Кога на вашите им викате „јас и Оливер се обезбедивме“ ЈАСНО ИМ Е ДЕКА ГИ ГУБИТЕ ИЗБОРИТЕ“

Во однос на апанажата, кога вашите членови, симпатизери, луѓето...

За оваа изненадувачка придобивка од водата за пиење ретко се зборува

131 Знаеме дека не можете да живеете без вода. Тоа...