Ракометна треска во Холандија – распродадени сите билети за тест-мечот со Јужна Кореја

Женската репрезентација на Холандија ќе биде една од учесниците на Олимписките игри во Париз.

Холанѓанките за настапот на најголемата спортска манифестација имаат големи амбиции и посакуваат да го остварат најдобриот пласман на ОИ.

Избраничките на Пер Јохансон пред заминувањето во Париз ќе тестираат против репрезентацијата на Јужна Кореја во „Ахој арена“ во градот Ротердам.

Пријателскиот дуел со азиската земја ќе го одиграат на 18 јули, а билетите за тест-мечот експресно беа распродадени.

Во групната фаза „лалињата“ за ривали ги имаат репрезентациите на Шпанија, Бразил, Ангола, Унгарија и Франција.

Холандија учествуваше на последните две Олимпијади, во Бразил и Јапонија. Во Бразил заврши на 4. позиција, додека на ОИ во Јапонија на петтото место.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

СВЕТО ТРОЈСТВО НА ПОЛИТИЧКАТА ИГРА – ПРАВИЛО, ПРОЦЕДУРА И ПРОТОКОЛ

Васко Шутаров Неверојатно тешко е во моментов да се најде...

Дневен хороскоп за сабота, 29. јуни 2024 година

Oвeн – Гaзeњeтo нa eднo мecтo e caмo пpивиднo. Ce...

Средба Николоски – Агелер: Приоритет ќе бидат капиталните проекти и регионалното поврзување

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар...