Ристевски: Со Норвешка ќе ни биде најтешко, но пласманот во вториот круг е достижен!

Машката кадетска репрезентација на Македонија денес со дуелот против Норвешка ќе го започне настапот на Светското првенство во Хрватска.

Најдобриот млад играч од минатата сезона, кружниот напаѓач Самоил Ристевски, во разговор за 24Ракомет, зборуваше за неговите очекувања за кадетскиот Мундијал.

Младиот член на Еурофарм Пелистер 2 смета дека доколку грешките бидат сведени на минимум, тогаш Македонија би се надигрувала со сите репрезентации.

,,Како што знаете, јас и Дамјан Митев сме најмлади во оваа кадетска репрезентација, ние сме сѐ уште пионери. Јас лично сум свесен дека заостанувам зад повозрасните мои колеги, но се трудам секој ден да бидам што поблиску како би дал што поголем удел во нашите добри игри. Одигравме неколку контролни натпревари и на секој од нив имаше добри и лоши страни. Кога би ги поправиле лошите, а сочувалe добрите, сметам дека би се надигрувале со сите репрезентации на Светското првенство. Што се однесува до мене, не сум лично задоволен, бидејќи знам дека можам повеќе и сигурно тоа ќе биде во иднина”, изјави Ристевски за 24Ракомет.

Избраниците на Раде Стојановиќ за ривали ги имаат и репрезентациите на Црна Гора и Грузија. Ристевски како најнезгоден ривал ја гледа Норвешка, пред се поради брзиот ракомет кој го негува скандинавската селекција.

,,Секој противник е тежок за нас. Најпрво играме со Норвешка, репрезентација со многу агресивна одбрана и брза транзиција. Мислам дека овој натпревар ќе ни биде најтежок, ќе имаме силен ривал, но и ќе ни биде прв дуел на Светското првенство. Со Црна Гора игравме пријателски дуел, но едно е да играш пријателски, друго дуел на големо натпреварување. Ние се договоривме да одиме чекор по чекор, па така за секој нареден ривал ќе разговараме после завршувањето на претходниот дуел, но едно е сигурно, дека ќе се бориме за секоја топка. За Грузија, стручниот штаб ни рече дека ќе ја анализираме после двата одиграни натпревари. Пред повредата на Димитар Узунчев бев голем оптимист за секој натпревар, но и без него сметам дека пласманот во вториот круг е достижен”, заврши Ристевски за 24Ракомет.

Денешниот дуел меѓу Македонија и Норвешка ќе се одигра во салата „Замет“ во Риека со почеток од 17:30 часот.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Трампа меѓу Кил и Келце – Вулф во Германија, Беласен во Полска!

Според пишувањата на „Билд“, еден од најдобрите голмани Андреас...

Од Куманово во БиХ – Благојевиќ ќе им прави друштво на Граџан, Николиќ, Плех…

Довчерашниот член на Куманово, Милош Благојевиќ, кој во...

Вардар ја врати Јасмина Попова во своите редови

Покрај продолжувањата на неколку договори со клучните играчи,...