Руска репрезентативка го победи канцерот: Среќна сум до небо!

Една од најдобрите репрезентативки на Русија, Владлена Бобровникова, беше приморана да ја заврши својата кариера.

Искусната ракометарка, која со „зборнаја“ стигна до злато на Олимписките игри во 2016 година, во текот на месец мај објави дека се бори со тешка болест, односно дека има канцер на лимфните жлезди.

Бобровникова денес преку социјалните мрежи сподели дека ја победила битката со тешката болест.

,,По три месеци третман и неколку хемотерапии, ми кажаа дека сега се е во ред, среќна сум до небо”, напиша Бобровникова на социјалните мрежи.

Левиот бек од сезона 2012/13 настапуваше за Ростов Дон, додека во текот на нејзината кариера во неколку сезони играше надвор од Русија.

35-годишната ракометарка го носеше дресот и Кикинда од Србија и Сасари од Италија. Својата кариера ја започна во нејзиниот матичен клуб Кубан од Краснодар.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Дневен хороскоп за четврток, 29-ти февруари 2024-та

ОВЕННе ризикувајте да се потпирате на чудо што ќе...

Ангеловски: Алборг ни покажа зошто со Кил се најдобрите екипи во групата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на последниот домашен натпревар...

Пешевски: Го одигравме најдоброто прво полувреме, но отворивме лошо во вториот дел

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на последниот домашен натпревар...

Кил ги освои бодовите на незгодното гостување кај ПИК Сегед

Екипата на Кил на гостувањето во Унгарија кај...