Се дума ли МПЦ-ОА: Доволен е Томос од СПЦ или треба и од Вселенската патријаршија?

Го доби ли признавање на својата автокефалност Македонската православна црква – Охридска Архиепископија или се уште треба да го чека тоа? Ова дилема, се чини, како да се уште не е јасна ниту во јавноста ниту, пак, во самите црковни редови.

На една страна е мислењето дека Томосот за автокефалност е добиен со документот кој што го даде Српската православна црква на 5 јуни минатата година и којшто е наречен како Томос за автокефалноста на Македонска православна црква – Охридска архиепископија. Многумина сметаат дека со тоа процесот околу стекнување на автокефалноста не треба да продолжува бидејки МПЦ-ОА од 9 мај минатата година е призната како канонска црква и од самата Вселенска Патријаршија.

На втора страна е ставот дека таков полноправен документ може да издаде само Вселенската патријаршија. Таква била традицијата во Православието.

А дилемите дека постои различното толкување се подгреаја изминативе месеци, како со изјавите на одредени владици, така и со петиции и декларации кои што се појавуваат последниве десетина дена и кои се на ставот дека е доволен и валиден Томосот добиен од Српската православна црква и дека нема потреба да се бара признание и од Вселенската патријаршија.

Сето ова, се чини, е мотивирано со односот кон едно мошне важно прашање за МПЦ-ОА – нејзиното уставно име, статусот, управувањето со надворешните епархии, титулата на архиепископот, имотот…

Заговорниците на тезата дека е доволен и најважен Томосот добиен од СПЦ го потенцираат фактот дека тој е издаден со уставното име на нашата црква – Македонска православна црква – Охридска архиепископија, дека нашата црква и натаму ќе управува со своите епархии надвор од државните граници… Во прилог на ова се спомнува и тоа дека, согласно на последните договори на православните цркви, најважно било да се добие автокефалност од Мајка-црква, а што во случајот е добиено од црковен Белград.

Ова се аргументи со кои се оди против мислењето дека Вселенската патријаршија е таа којашто треба да го издаде конечниот Томос. Ставот е дека е поважно да се зачува добиеното уставно име МПЦ-ОА од страна на СПЦ, отколку да се добие има Охридска Архиепископија кое Вселенската патријаршија и го определи на нашата црква. Претходно, познато е, ВП реши да во името на нашата црква не смее да го има зборот „Македонска“ или негови деривати. Неприфаќањето да се чека одлука од Вселенската патријаршија е и тоа што со Томосот на СПЦ ќе се зачувале надворешните епархии бидејќи има страв дека ВП ќе побара тие да прејдат во нејзината надлежност (како што има примери во светот), да ниту еден манастир во Македонија не и се даде на ВП за управување…

И така. Две мислења и толкувања кои полека стануваат се погласни и ја разбрануваат црковната јавност. Веќе почнаа и да се организираат петиции, собирање на изјави-декларации од граѓаните.

Политичката партија Десна веќе десетина дена иницира собирање на такви изјави од граѓани насловени како „Декларација за Македонска православна црква – Охридска архиепископија“. Во неа граѓаните треба да се потпишат дека „никогаш нема да остапат од името МПЦ-ОА, дека отфрлата било каква промена на титулата на архиепископот, дека МПЦ-ОА е единствен сопственик на сите нејзини цркви, дека само под нејзина јуридсдикција можат да бидат нејзините епархии и дека македонското црковно прашање е решено со Томосот издаден од СПЦ…“ Значи, петицијата која целосно смета дека веќе не треба да се бара и добива Томосот од Вселенската патријаршија.

Вака конципираната Декларација најде место за ширење и популаризирање и во самите редови на МПЦ-ОА. Така, верниците ваквата Декларација можа да ја најдат, да ја отпечатат, пополнат и испратат до оваа партија и на официјална интернет страница Австралиско-новозеландската еперхија на МПЦ-ОА со која раководи владиката Петар.

Декларацијата доби поддршка и од Македонска црковна општина „Света Троица“, од Келн, Германија, од Македонска црква „Свети Никола“ во Перт, Австралија… Значи и во самите редови на МПЦ-ОА се отвора прашањето и некои имаат став дека е непотребно да се чека-бара Томос од Фанар.

Околу ова се уште јавно не се произнел поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Тој при добивањето на Томосот во Белргад рече дека „тоа е препорака којашто ќе биде проследена до Вселенската патријаршија“, а во интервју за грчкиот весник „То Вима“ рече дека „Вселенската патријаршија е таа којашто издава Томос за автокефалност според православната традиција и каноните“. Дали архиепископот Стефан се уште стои на таквиот став во ситуација кога на владиката Петар не му пречи да ги шири Декларациите со кои граѓаните ќе изјават дека е веќе добиен правосилен Томсо то СПЦ, останува неизвесно?

Во Томосот издаден од СПЦ е наведено и тоа дека незиниот „Томос за автокефалност треба да биде прифатени и од сите друга православни цркви“ и дека МПЦ-ОА „прашањето на името треба да го реши со елинофонските и другите православни цркви“. Досега, само Руската православна црква целосно го прифатила Томосот на СПЦ и МПЦ-ОА ја признава како автокефална и под уставното име. Дел од православните цркви не го признавата тој томос и сметаат дека само Вселенската патријаршија може да издава таков томос, дел од црквите на МПЦ-ОА почна а да и се обраќаат како „Православна црква во Северна Македонија“, како „Архиепископија Охридска и Северна Македонија, со седиште во Скопје“, а што значи дека и тука има различен пристап во односот на напишаното во Томосот на СПЦ.

Што ќе направи Синодот на МПЦ-ОА? Дали има поделба меѓу македонските митрополити по ова прашање? Што став ќе заземат околу името на црквата, имотите во странство…? Ќе ги разгледуваат ли декларациите? Какви сигнали ќе пратат кон Цариград, да побрза со томосот или да не брза?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Кадетите и младинците на контроли со Словенија и Австрија

Кадетската и младинската машка репрезентација на Македонија за...

Гигов и ПАОК ја продолжија победничката серија

Тимот на ПАОК Солун, каде што брани македонскиот...

Ќе ни недостигаат ли? Последна собраниска седница за овој парламентарен состав

Македонските пратеници денеска ќе ја започнат последната пленарна седница...

Струга добива нов ракометен клуб

Градот расадник за ракометари, Струга, од каде потекнуваат...