Секое функционерче има службено возило, а нема возила за Итна помош

Не само што е недозволиво да има недостиг од возила за итна медицинска помош, туку е срамно и ни прави да се чуствуваме бедно и да се плашиме за нашиот живот, вели Кристина Весковска

Жителите на Куманово деновиве не знаат дали ќе им дојде возилото на Итна медицинска помош откако ќе се јават на телефонскиот број 194. Едно од возилата неодамна имаше тешка сообраќајка во Скопје, а останати две возила се на поправка. Куманово е огромна општина. Како смеело да се дојде до ваква ситуација?

За жал, слична е состојба и на други места низ Македонија. Се сеќаваме дури и на тоа како струмички директор на болница преку социјалните мрежи побара донации за да купат болничко возило оти веќе немале употребливи, а не добиле пари од државата за набавката. Повикот од социјални мрежи брзо го „снема“, а тогашниот премиер даде возило како донација. Но, проблемот со малиот број на возила за Итна помош си остана.

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации пред три години покажа дека по македонските општини има вкупно 183 санитетски и возила за итна помош. Во просек, секоја општина имала по 2-3-4 вакви возила кои се стари по околу 14 години и значително се амортизирани. Едно возило, на Здравствениот дом од Кичево, има поминато дури 1 милион и 360.000 километри!?

Срамно е да се чекаат донации на толкав буџет

Гледаме дека нешто се подобрило од тогаш? Гледаме дека Министерство за здравство го решава проблемот?

– Не само што е недозволиво да има недостиг од возила за итна медицинска помош, туку е срамно и ни прави да се чуствуваме бедно и да се плашиме за нашиот живот. Како некој што се има соочено и со груб третман од страна на брза помош можам да кажам со сигурност дека ми е најголем страв да ги повикам. А, очигледно дека надлежните не се грижат доволно за набавката на возилата, вели граѓанката Кристина Весковска.

Министерот за здравство Фатмир Меџити деновиве дури ги повика и медиумите на помош за да се реши проблемот со недостигот на возилата за итна помош. Пари во буџетот немало, а тој имал состанок со министерот за финансии и премиерот за да се најде решение за „милион проблеми во здравството“. Поранешниот министер за здравство Венко Филипче во 2019 година се пофали со набавката на 12 нови возила, од кои шест беа дадени во Скопје а останати во други градови. Но и тоа не ги задоволи потребите. Се чекаат донации од странство?  

– Не само што е срамно да се бараат донации за возила за итна помош туку тоа е и класично просјачење. Да немавме пари, ќе речеш ќе барам донации, ама има. Жалосно е што јавните пари најчесто се користат за секакви цели, само не и такви кои треба да бидат во служба на народот од кој произлегле. Надлежните ич не се грижат за набавката на вакви возила, смета граѓанката Бјанка Орашки.

Дали ваквата состојба ќе остане и натаму останува да се види. Засега само се гледа дека скоро секое функционерче има службено возило кое го плаќаат граѓаните на Македонија.

Да се забрани купување службени возила

Инаку, истражувањата покажаа дека во текот на 2018, 2019 и дел од 2020 година, државата потрошила дури 8 милиони евра за набавка на 2.645 патнички возила за службени потреби. На ова треба да се додадат и милиони евра потрошени од страна на општините. Значи, пари имало за возила, но намената не била за итната помош.

– Не треба да се штеди, туку да се прогласи мораториум, во наредниве десет години да се забрани купување на службени возила. Ама во држава ослободена од одговорност, ова е во доменот на научната фантастика. Секоја наредна власт како да се натпреварува со претходната во расипништвото. Во меѓувреме останавме без основни услови во здравството, без учебници во образованието, без луѓе во државата, па треба да увезуваме. Тажна е оваа нашата, вели Бјанка Орашки.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Europa se konačno budi iz zimskog sna, Amerika joj okreće leđa. Je li prekasno?

POSLJEDNJE izjave mogućeg novog američkog...

Može li se Europa obraniti ako joj Amerikanci okrenu leđa?

POSLJEDNJE izjave mogućeg novog američkog...

„Потребна е национална стратегија за дамите“

Како и целокупниот женски спорт во државата, така...