Што е следно за Македонија – кадетите се селат во Копривница, одат на двобој со Унгарија

Машката кадетска репрезентација на Македонија ја забележа третата победа на Мундијалот во Хрватска, прва во главната рунда (против Австрија 29-22) и по ден одмор ќе разигрува за пласман од 9 до 12 место.

По триумфот над Австрија, Македонија е трета во групата 3 од главната рунда и според системот на натпреварување вкрстува најпрво со третопласираната селекција од групата 1 – Унгарија.

Ова е репрезентација, која имаше само еден кикс на СП, со Португалија и во последното коло против домаќинот Хрватска извлече бод, но тој не беше доволен за место во четвртфиналето.

Натпреварот меѓу Македонија и Унгарија се игра на 10 август со почеток во 20:00 часот. Ако победиме ќе играме со подобриот од дуелот Чешка – Саудиска Арабија за 9 место, а ко загубиме со поразениот од истиот натпревар за 11 место.

Каков и да биде пласманот на крајот на ова СП, тој е подобар од оној на претходната генерација на СП 2019 на кое бевме домаќини во Скопје. Тогаш Македонија заврши на 13 место од 24 селекции.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📷Војводина си направи малер – предвреме „прослави“ трофеј

Тимот на Партизан ја шокираше Војводина и го освои...

Хансен се враќа на терените – ќе биде спремен за двомечот со Веспрем

Легендарниот дански репрезентативец Микел Хансен моментално отсуствува од...