Сите играат фудбал во ПМФЛ – Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 20. КОЛО

Невројатно возбудливи натпревари ни донесе 20. коло во Првата македонска фудбалска лига која стартуваше со „лудиот“ натпревар во Струга каде лидерот Трим Лум ремизираше без голови (0-0) против Македонија Ѓорче Петров. Голманот Христијан Стевковски беше херој за гостите успевајќи да му одбрани два пенала на Бесарт Ибраими, а колку е голем овој бод за „лавовите“ говори и тоа што тие играа со фудбалер помалку цело полувреме откако во судиското надополнување во првиот дел Самаке доби директен црвен картон. Интересно беше и во Кратово каде домашниот Силекс го шокираше актуелниот шампион Шкупи совладувајќи го со 2-1. Брегалница му се реваншираше на Работнички (0-1), додека со истиот резултат Шкендија славеше на домашен терен против Победа. Без голови (0-0) заврши дуелот во Автокоманда меѓу Скопје и Тиквеш.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Христијан Стевковски (Македонија ЃП) 

Голманот Христијан Стевковски беше херој за гостите успевајќи да му одбрани два пенала на Бесарт Ибраими. Одличниот голман на „лавовите“ и повеќе од заслужено го доби епитетот играч на 20. рунда во ПМФЛ.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горазд Михајлов (Силекс)

Силекс приреди вистинска сензација откако на домашен терен го совлада актуелниот шампион Шкупи со 2-1. Тренерот на домаќините Горазд Михајлов тотално го надигра својот противник Гоце Седлоски и уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите стратези во домашниот шампионат.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Стефан Милосављевиќ (Силекс) 

Силекс приреди вистинска сензација откако на домашен терен го совлада актуелниот шампион Шкупи со 2-1. Натпреварот го одбележа неверојатниот погодок на српскиот интернационалец Стефан Милосављевиќ кој на феноменален начин од слободен удар донесе водство од 1-0 за кратовчани.



 

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

МВП НА 8. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – КОСУКЕ ЈАСУХИРА (ВАРДАР)

Ракометарот на Вардар, Косуке Јасухира, го доби признанието...

Чаневски одличен, Макаби Ришон од второ место во полуфиналето на плеј-оф

Израелскиот шампион Макаби Ришон Ле Зион, каде што...