Спартак прави конкурентен тим – потпишаа Кирова, Кочкова, Гроздановска

Женскиот клуб Спартак, кој во новата натпреварувачка сезона ќе има посилен играчки кадар, ќе се обиде да биде поконкурентен во домашниот шампионат, но и да обезбеди евентуален плеј-оф.

Клубот од Кисела Вода со новиот спонзор „Универзитет Скопје“ веќе започна кон создавање ракометна приказна, која треба да биде проследена со успех во сезона 2023/24. За остварување на зацртаната цел, раководството на клубот ангажираше неколку млади ракометарки.

Редовите на Спартак ги засили  младинската репрезентативка Ема Кирова. Оваа 18 годишна голманка имаше забележителни партии на Европското младинско првенство во Романија и со раководството на Спартак се договори на двегодишна соработка.

Дресот на Спартак ќе го носи и Марија Кочкова, која си заработи четиригодишна стипендија (8.000 евра) од факултетот кој е главен спонзор на клубот од Кисела Вода. Исто како и Кирова, Кочкова се обврза на двегодишна соработка.

Спартак ќе може да смета и на Ангела Гроздановска, ракометарка која во последните две сезони е меѓу најдобрите стрелци во Женската лига. Десниот бек во првиот дел од минатата сезона настапуваше за Вардар.

Како што е познато, клубот од клупата ќе биде предводен од Силвана Карбеска и Велимир Мицевски. Организациски клубот ќе биде посилен и со Марко Миркуловски, кој ќе се грижи за спортскиот дел во клубот.

Утре на конференцијата на клубови треба да се знае вкупниот број учесници во Женската лига и стартот на новата сезона, односно распоредот во единственото сениорско натпреварување во Македонија.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Забавно е да се игра во Битола“

Голманот на Вардар, Мартин Томовски никогаш во својата...

Кадетското злато остана во Автокоманда

Домаќинот на кадетскиот турнир од Ф4, не залудно...

Младост ја продолжува борбата за второто место во прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Младост Богданци пред својата публика не...

Радовиш чекор поблиску до суперлигашки бараж

Екипата на Радовиш пред својата публика одигра според...