Срдановиќ: Цврстата одбрана и дисциплината во нападот беа клучни за денешната победа

Ракометарите на Вардар со победа го започнаа настапот на 51. издание на традиционалниот турнир во Струга.

Вардарци во дуелот со домашната екипа немаше поголеми проблеми и дојде до убедлив триумф од 29:17.

Новото засилување во Вардар, Марко Срдановиќ, истакна дека клучниот фактор за високата победа била голема дисциплина во нападот.

,,Ова за нас беше прв меч на турнирот и јас лично за првпат настапувам на овој турнир. Влеговме самоуверено на овој меч, но се уште се немаме воиграно доволно и се трудиме од натпревар во натпревар да бидеме се подобри, се трудевме да го дадеме максимумот во одбрана и да бидеме дисциплинирани во нападот, тоа и беше пресудно на денешниот дуел”, изјави Срдановиќ за 24Ракомет.

За Вардар следува ден одмор, потоа го очекува меч со шведскиот претставник ГУИФ. Левото крило ги сподели своите очекувања за дуелот со тимот предводен од екс селекторот на Црна Гора, Зоран Рогановиќ.

,,Играме своја игра, се обидуваме да го испочитуваме сето она што тренерот го има зацртано и сето она што го вежбаме да тренинзите и тоа да го примениме на натпреварите. Ќе бидеме максимално концентрирани на дуелот со Гуиф и ќе се обидеме да го дадеме својот максимум”, заврши Срдановиќ за 24Ракомет.

 

СТРУГА 2023: Вардар очекувано и лесно до победа (ФОТО)

Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.

.
.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Се подготвува спектакл – продадени 10.000 билети за последниот натпревар на Никола Карабатиќ

Легендарниот Никола Карабатиќ, кој во април ќе наполни...

Андоновски со два гола во финишот му донесе голем бод на Трст

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски продолжува со одличните настапи...

Андоновски повторно најдобар – му донесе голем бод на Трст!

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски продолжува со одличните настапи...