Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the td-cloud-library domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/kolumni/public_html/wp-includes/functions.php on line 6131
СТРУГА 2023: Лазаров – Струшкиот турнир е заштитен знак за ракометот, Ѓоргиев – ќе имаме голем предизвик | KOLUMNI.mk

СТРУГА 2023: Лазаров – Струшкиот турнир е заштитен знак за ракометот, Ѓоргиев – ќе имаме голем предизвик

На 51. издание на Струшкиот турнир ќе учествува и македонскиот вицепрвак Алкалоид, кој во минатата сезона дебитираше и на турнирот во Струга, но и во македонската елита.

Тимот предводен од легендата на македонскиот ракомет, Кирил Лазаров, во минатата сезона како дебитант во најквалитетното натпреварување во Македонија заврши на второто место и избори директно учество во групната фаза во Лига на Европа.

Тренерот Лазаров ги истакна своите очекувања за годинешниот настап на традиционалниот турнир.

,,На турнирот во Струга очекувам квалитетни натпревари што многу ќе ни значат во подготвителниот период за претстојната сезона. Во Струга ќе настапиме без нашите кадетски репрезентативци, кои учествуваа на СП во Хрватска, Дамјан Митев, Иван Галески и Александар Петковски и кои ќе добијат одмор по настапот на СП. Исто така, нашиот пивотман Костадин Петров нема да биде дел од тимот поради повреда. Турнирот е заштитен знак на нашиот спорт број 1 во државата – ракометот. Турнир со голема традиција кој треба да се негува и поддржува. На овој турнир сум учествувал повеќе пати како играч, минатата година учествував како тренер”, изјави Лазаров.

Екс репрезентативецот на Македонија настапот на турнирот во Струга го гледа како добар тест за неговите избраници пред почетокот на новата сезона, во која тимот од Автокоманда ќе игра и на европска сцена.

,,За првпат од постоењето на клубот ќе настапиме во Европа каде ќе се трудиме максимално и достоинствено да се претставиме во што подобро светло бранејќи ги боите на клубот и државата од каде доаѓаме. Има квалитетни тимови на турнирот, ќе одлучуваат нијанси и ќе има многу неизвесност во текот на сите натпревари. Секој клуб ќе се бори максимално да дојде до трофејот и да влезе во долгата историја на овој реномиран меѓународен турнир”, додаде Лазаров.

Алкалоид и во новата сезона повторно ќе цели на висок пласман во суперлигашката конкуренција.

,,Не очекува една долга и напорна сезона со многу предизвици. Нашата лига од година во година е се поквалитетна и ќе има многу борба за врвот на табелата”, заврши Лазаров.

Капитенот на Алкалид, Игор Ѓорѓиев, исто така ги сподели своите очекувања за настапот во Струга.

,,Струшкиот турнир за нас претставува предизвик и големо искуство затоа што учествуваат квалитетни екипи и очекуваме да се прикажеме во најдобро можно издание. Во овој момент сите играчи се во тренажен процес и се надевам дека така ќе остане до турнирот. Оваа година ни е втора по ред како учесници на Струшкиот турнир, со тоа што минатата сезона бевме дебитанти. Струшкиот турнир е турнир со голема традиција на кој секогаш учествувале квалитетни екипи кои се натпреварувале во европските лиги. Имаме квалитетни противници кои секоја година се борат да се на врвот на нивните домашни првенства и со тоа да се натпреваруваат во европските лиги”, изјави Ѓорѓиев.

Средниот бек очекува добар настап на турнирот во Струга, но и повторување на ланскиот успех од домашниот шампионат.

,,На турнирот учествуваат квалитетни екипи и со тоа конкуренцијата е навистина голема па не би можел во овој момент да одредам кој е фаворит на Струшкиот турнир. Сите екипи во шампионатот на Македонија се засилија,конкуренцијата е поголема што секако е подобро за македонскиот ракомет. Со оглед на тоа дека играме и во Лигата на Европа, не очекува тешка и напорна сезона. Ланската сезона имавме добар резултат и се надевам дека ќе успееме да го повториме”, заврши Ѓорѓиев.

СТРУГА 2023: Алкалоид – Тимот предводен од Кире Лазаров од Струга ќе фаќа залет за Европа

Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.

.
.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Njonjo, opasniji su oni koji brane kršćanstvo, nego mi koji ga “napadamo”

UZVRPOLJIO se naš predsjednik Sabora...

Пишува м-р Јанко Билбилоски: Професионалната ориентација и изборот на идна професија во современите услови на живеење

Професионалната ориентација претставува комплексен и долгорочен процес кој има...

Први мај – синтеза на глобалниот социјализам и македонскиот револуционерен дух – Denesen.mk

Д-р Мимоза РАЈЛ Синтеза на глобалниот социјализам и македонскиот револуционерен...

Trumpizam je postao samoubojstvo iz zasjede. Sprema mu se debakl

DOK SVET otaljava još jedan...