СТРУГА 2023: Струга – со спој на младост и искуство против сите конкуренти

Од 16 до 19 август на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во Струга ќе се одржи 51.издание на традиционалниот Струшки турнир. Покрај домаќинот, од Македонија ќе учествуваат екипите на Вардар и Алкалоид, додека од странство доаѓаат грчкиот АЕК Атина, шведскиот Ескилстуна Гуиф и српскиот Динамо Панчево. Со серија текстови, 24Ракомет ќе Ви ги претстви сите учесници на 51. издание на Струшкиот турнир

На Струшкиот турнир, единствена екипа што секоја година настапува е токму домаќинот Струга.

Оваа година стружани ќе бидат во група со двократниот европски шампион Вардар кој дури 13 пати го освојувал трофејот на турнирот во Струга и шведскиот тим Ескилстуна Гуиф. И покрај силните ривали, стружани ќе се обидат да се прикажат во добро светло.

Екипата лани го осигура местото во суперлигашкото друштво, но ќе претрпи големи промени во играчкиот состав. Заминаа пивотите Петар Маркоски и Богдан Ѓуровиќ, десниот бек Урош Лазаревиќ, левиот бек Никола Цветаноски, како и левото крило Ненад Костоски.

Тимот што ќе биде предводени од струшката легенда Наум Танески, досега се засили со искусните тројца ракометари и поранешни репрезентативци – Златко Мојсоски, Велко Маркоски и Јовица Младеновски.

Покрај нив во тимот на Струга дојдоа десниот бек Мерис Бошњак и искусниот кружен напаѓач Александар Тренчевски, а нови соработки потпишаа и двајцата интернационалци – Петар Бугариновиќ и Дејан Рикановиќ.

клучни играчи: Дејан Рикановиќ, Петар Бугариновиќ, Златко Мојсоски

натпревари на Струга на турнирот во Струга
Вардар (16 август),
Ескилстуна Гуиф (17 август),
за пласман (19 август)



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ