Стружани излегоа од резултатската криза… ракија, Тиквеш, чаршија – Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 14. КОЛО

По пет меча Струга Трим и Лум конечно стигна до победа во домашниот шампионат и тоа веројатно во најважниот натпревар оваа есен против тетовска Шкендија од 1-0. Натпревар кој може многу да одлучува на крајот на сезоната, стружани го добија и со тоа останаа лидери на табелата со пет бода плус пред актуелниот шампион Шкупи. Чаирчани стигнаа до сигурен триумф од 3-1 против Скопје, а имаат и меч помалку од стружани со кој по слабиот старт на сезоната конечно може да дојдат на само минус два од лидерската позиција. Александар Васоски конечно победи и тоа со стил против хитот сезонава Силекс со убедливи 3-0. Со истиот резултат Тиквеш на домашен терен славеше против Работнички, додека Брегалница и Македонија ЃП во Штип одиграа без голови.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Христијан Малески (Струга ТЛ)

Струга ТЛ славеше во дербито на колото против Шкендија со 1-0. Победничкиот погодок го постигна младиот Христијан Малески кој одигра неверојатен натпревар кој го круниса со гол вреден три бода.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Срѓан Захариевски (Струга ТЛ) 

По големата резултатска криза и петте натпревари во низа на кои не стигна до победа, Струга ТЛ на најдобар можен начин им се врати на победите и тоа со триумф во големото дерби против Шкендија (1-0). Дефинитивно покрај Малески најзаслужен за овој триумф е тренерот Срѓан Захариевски кој тактички одлично го постави својот тим.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Христијан Малески (Струга ТЛ) 

Струга ТЛ славеше во дербито на колото против Шкендија со 1-0. Победничкиот погодок беше дело на Христијан Малески, а поради важноста на овој гол и повеќе од заслужено е избран за најдобар на минатата рунда.

 

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

==================================

ФОТО НА КОЛОТО: … ракија, Тиквеш, чаршија!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Се ребрендираше Универзитетот Скопје – METRO.mk

Светски признанија, домашни награди, стипендии, магазин за успешните луѓе...

Пелистерци тренираа пред Кил, се посакува изненадување против „зебрите“ (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одработија официјалниот...

Билик: Не сакаме да бидеме тимот што ќе се „сопне“ во Битола

Ракометарите на Кил утре против Еурофарм Пелистер...

Претседател на фудбалски клуб убиен по загубен меч

Колумбискиот фудбалски второлигаш Тајгрес соопшти денеска дека клупскиот претседател...