Шкупи одмора, ривалите „кикснуваат“ – Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 14. КОЛО

14 рунда од Првата македонска фудбалска лига ја обележа тоа што ниту еден од фаворитите за освојување на титулата на успеа да стигне до полн плен. Лидерот Струга ТЛ веќе и дефинитивно е во резултатска криза откако и петти натпревар во низа е без триумф. Овојпат стружани се „лизнаа“ на гостувањето во Скопје кај Работнички играјќи само 1-1. Со истиот резултат заврши натпреварот и меѓу второпласираната Шкендија и Академија Пандев, меч кој го одбележаа многу спорни ситуации и инциденти, а тренерот на „пандевци“, Александар Васоски доби црвен картон. Реми без голови против Скопје одигра третопласираниот Силекс, додека актуелниот шампион Шкупи беше слободен во ова коло. Во 14. рунда победи забележаа Брегалница на домашен терен во дербито си Тиквеш (2-1) и Македонија ЃП на гостувањето во Прилеп, кај Победа од 1-3.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Љупче Кудев (Брегалница) 

Брегалница славеше со 2-1 против Тиквеш во дербито на истокот како дел од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига. Љупче Кудев беше најголемиот виновник за победата на штипскиот клуб. Кудев одличната партија против големиот ривал ја „круниса“ со феноменален погодок.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Муарем Бајрами (Македонија ЃП)

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров го одиграа можеби и најдобриот натпревар сезонава во триумфот од 1-3 на секогаш тешкото гостување во Прилеп кај Победа. Дефинитивно главен виновник за оваа победа на „лавовите“ е тренерот Муарем Бајрами.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Љупче Кудев (Брегалница) 

Брегалница дојде до голема победа од 2-1 во дербито на истокот против Тиквеш. Љупче Кудев донесе водство за својот тим од 2-0 со вистинска велемајсторија која ги реши сите дилеми околу победникот на овој меч.

=================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

==================================

ФОТО НА КОЛОТО: Уффф, ќе биде забавна борбата за титула сезонава!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Јунајтед груп Б.В. продолжи со успешен раст во 2023 година со рекордни резултати

Водечката телекомуникациска и медиумска компанија во Југоисточна Европа, Јунајтед...

Изборните резултати – најверодостојната анкета

Петар Поп Арсов   Што да се каже после шокантните резултати...