Станува интересна борбата за титула, Васоски си оди, па останува во А. Пандев – Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 13. КОЛО

И повеќе од сигурно е дека сезонава ќе гледаме интересна и неизвесна битка во борбата за титулата во Првата фудбалска лига на Македонија. По одличниот старт на сезоната, Струга Трим и Лум, „стружани“ полека, но сигурно почнуваат да паѓаат во формата. Со ремито против Брегалница (2-2) веќе четири натпревари се без победа. Шкендија ремизираше со Силекс (1-1) и останува на минус три од лидерот. Токму Силекс е вистинско освежување сезонава и по 13. одиграни кола тимот од Кратово е на само четири бода негатива токму од првопласираната Струга. Исто бодови има и третопласираниот Шкупи кој остана без победа во самиот финиш на мечот против Македонија ЃП (1-1). Александар Васоски има катастрофален кам-бек на клупата на Академија Пандев. Последниот пораз на домашен терен од Работнички (0-2) доведе до тоа популарниот „Тетовче“ да поднесе оставка по слабите резултати, но таа не беше прифатен од раководството на струмичани, па тој ќе остане на чело на клубот. Тиквеш стигна до нов важен триумф овојпат на домашен терен против Победа 1-0.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Аиме Марселин Гандо Биала (Работнички) 

Работнички ја продолжи агонијата на Александар Васоски на клупата на Академија Пандев. Тимот од „Дебар маало“ ги доби „пандевци“ со 0-2, а главен виновник за победата беше феноменалниот камерунски интернационалец, Аиме Марселин Гандо. Гандо беше стрелец на вториот погодок за својот тим, а при постигнување на погодокот на Рушевиќ тој ја погоди стативата во истата акција. Претходно Гандо успеа да спаси и чист погодок за А. Пандев.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Милан Илиевски (Работнички)

Младиот стратег на клупата на Работнички тотално го надигра својот противник на клупата на Академија Пандев, Александар Васоски. Илиевски одлично го води клубот од „Дебар маало“ по неговото доаѓање, а одличната партија ја круниса со победа од 0-2 против А. Пандев.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Адама Самаке (Македонија ЃП) 

Македонија Ѓорче Петров во самиот финиш успеа да му одземе победа на актуелниот шампион Шкупи (1-1) во најинтересниот натпревар од 13. рунда во ПМФЛ. Главен виновник за бодот на „лавовите“ е интернационалецот Адама Самаке кој на неверојатен начин го матираше Кристијан Наумовски во 91. минута.

 

=================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

==================================

ФОТО НА КОЛОТО: Ѓорче го слави Адама Самаке!

 

 

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...

Колку заработија екипите што играа во ЛШ?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во изминатата сезона подели...

United in Isolation, Putin and Kim Keep the World Guessing About Their Sanction-Busting Plans

Nearly a quarter-century after his last visit to Pyongyang,...