Судењето на Конку почнува во јуни, но нема да му се суди за „обид за силување“

На почетокот на јуни ќе започне судењето на десното крило на полскиот Келце и Франција, Беноа Конку.

Порталот „Hand news“ пишува дека на играчот ќе му се суди за „сексуални претензии“, а не за обид за силување за што беше обвинет претходно.

Конку беше времено суспендиран, но потоа се врати на терените и настапува за полскиот Келце, а веројатно ќе биде во комбинација и за настап на ОИ во Париз.

Тој наводно веќе ја признал вината, па судскиот процес нема да се одолговлекува, а дали казната ќе има некакво влијание на неговата кариера во иднина останува да видиме.

За потсетување, против Конку беше отворена истрага за обид за силување, десното крило најпрво беше во притвор, па потоа обвинителството во Париз одлучи ракометарот да се брани од слобода, но сега истрагата доби нов тек и тој е обвинет само за „сексуални претензии“.

Се огласија Келце и француската федерација за случајот „Конку“



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ