Св. Климент да ни е напомош, но и самите да си помогнеме

Колумна на Никола Тасев:

Македонија денес го празнува Св. Климент Охридски – Чудотворецот.

Најпознатиот ученик на светите браќа Кирил и Медодиј, светител по кој се

идентификува македонскиот народ, создадител на Кирилицата, првиот наш

хиротонисан еписок, творец на надалеку познатата Охридска книжевна

школа, најзначајниот македонски средновековен писател, проповедник,

агроном, лекар и педагог, кој со своите дела на повеќе полиња стана

заслужен, не само за Македонија и македонскиот народ, туку и за другите

народи, па и за целиот христијански свет.

„Тргај се од злото и прави добро“, секојдневно подучувал светиот народен

учител. Велејќи:„Злото мора да се избегнува, оти тоа е насочено кон

повредување на луѓето, а најмногу штета трпи оној што го прави злото“,

Св. Климент барал од луѓето не само да не прават зло, туку секојдневно

да прават добри работи подучувајќи: „Уште од денес да се помачиме за

добри дела и да се надминуваме еден со друг со добрина“.

Голем наклон за неговите дела и поуки заслужува светецот денеска. Но,

тој заслужува и да се замислиме каде ние, сегашните генерации тргнавме и

што од неговите поуки научивме и ги практикуваме.

Ех, како денес, после десетина века добро би ни дошол Св.Климент за да

не опомене оти сите ние, денешните генерации го заборавивме неговото

учење. Не ги разбираме неговите зборови.

Општеството ни е заболено од лошотилок, лицемерие, лаги, непочитување

меѓу луѓето, подмолни подметнувања, неморал… Многу омраза и поделби

има во Македонија.

До кога ќе дозволуваме злото да го води животното оро? Еве сите сме

потресени деновиве и гледаме до што доведува тоа.

Лесно е да се каже дека политиката е виновна за падот на моралот во

земјата. И најверојатно е така – виновна е многу. Но сите ние да се

запрашаме дали и ние обичните луѓе имаме вина? Дали и ние, обичниот

народ, направивме нешто за да се спротиставиме на падот на моралот или

само се предадовме на, од политичарите насочена, реката на општествената

неетичност да не турка надоле кон бездната.

Кога последен пат сте направиле добро? Размислете искрено! Кога сте

помогнале на повозрасен сосед да испазари нешто? Како реагирате ако

видете дека некој ја малтретира својата сопруга, мајка или дете?

Помагате или ја вртите главата и продолжувате по својот пат? Или уште

полошо: застанувате и си гледате сеир. Злите луѓе се изживуваат врз

кучиња и мачки…па и тие имаат душа и чувствуваат болка… Како сте

изреагирале на тоа? Дали некогаш сте волонтирале за општо добро, дали

сте донирале некому што нема..?

Мораме сите да се спротиставиме на реката полна себичност која не носи

во понор, на автомобилот што лета по удолница без сопирачки и да се

потсетиме и да ги практикуваме зборовите на Св.Климент – прави добрина

секој ден!

Св. Климент да ни е напомош, но и сите ние самите да си помогнеме.

Понекогаш и да дигнеме глас против неетичните политичари кои ја

злоупотребуваат власта. Да реагираме и против сите зли луѓе кои го

трујат македонското општество.

Оти, задачата зададена од Св. Климент пред повеќе од 1.000 години, не

успеваме да ја решиме со преодна оценка.

„Седи КЕЦ!“ би ни кажал денес светиот охридски и семакедонски учител.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Француски документарен филм за конфискуваната колонијална уметност е победник на Берлиналето

Добитник на Златната мечка за најдобар филм на овогодинешното...

Дивата од модните писти слави 58 роденден: Се трудам да бидам добра

– Благодарна за уште еден сет роденденски свеќички –...

Големо невреме зафати делови од БиХ – училишта и болници останаа без покриви

Силно невреме придружено со силен ветер во текот на...

Димитриевски: ЗНАМ нема да поддржи избор на претседател во Собранието

Вакви барања секогаш доаѓаат во предизборен период, и наводно...