Тоше Ончев: Ми кажаа дека Голден Арт има добар проект, затоа сум тука (ВИДЕО)

Во тимот полн со млади желни за докажување и потврдување на сопствениот квалитет, екипата на Голден Арт ќе има голем помош од искусниот Тоше Ончев. Тој истовремено е и „најтрофеен“ играч во оваа постава на скопскиот клуб.

Два пати бил првак на Македонија, има освоено два купа и еден Супер куп. Има и интернационално искуство, а по една сезона која речиси целата ја пропушти поради повреда повторно е на паркетот.

Тој треба да го донесе импулсот и да и помогне на екипата да стигне до посакуваното место во плејофот во домашното првенство. Лани тоа им избега за малку, а сега со друга клупска филозофија се тргнува во новата сезона. Повеќе млади играчи, желни за натпреварување, докажување и промоција.

„Ми кажаа дека ќе имаме добар проект со Голден Арт. Се враќам после повреда, и само јас и Даскаловски сме „постари“, другите се млади амбициозни и сакат а да треноираат. Одиме чекор – по чекор. Имаме големи панси за плеј оф, вели Тоше Ончев за 24ракомет ТВ.

Тимот се подготвуваше во Струга, и го смени хотелот и продолжи во Охрид каде се натпреварува на турнирот „Крсто Андоновски“.

Погледнете ја целата изјава на Ончев за очекувањата во новата сезона.

.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.

.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Андоновски со два гола во финишот му донесе голем бод на Трст

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски продолжува со одличните настапи...

Андоновски повторно најдобар – му донесе голем бод на Трст!

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски продолжува со одличните настапи...