ТРИ ЅВЕЗДИ НА 23. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, од сезонава избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 23. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на 23. коло има по една ракометарка од Куманово, Деспина и Металург Автокоманда.

За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.

Женска лига, 23 коло, резултати:
Скопје – Куманово 22:29 (ИЗВЕШТАЈ)
Стружанка – Пелистер 23:21 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Гевгелија 51:17 (ИЗВЕШТАЈ)
Чаир – Овче Поле СУ 44:19 (ИЗВЕШТАЈ)
Деспина – Шампион 33:20 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда – Вардар 23:30 (ИЗВЕШТАЈ)
Спартак – Астибо 35:27 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 23. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 23. КОЛО

Андреа Илиќ (Вардар) – Голманката на „црвено-црните“ повторно имаше одлично издание во Женската лига и со 15 одбрани беше најзаслужна за убедливиот триумф против Металург Автокоманда.

Ангела Камческа (Деспина) – Членката на прилепскиот тим продолжива со добрите настапи, со осум погодоци и неколку асистенции беше предводник во високиот триумф над Шампион.

Рона Мифтари (Чаир) – Големата надеж на Чаир на натпреварот против Овче Поле СУ ја оправдата дадената минутажа и имаше седум успешни реализации.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Веспрем стигна до 31. Куп трофеј

Ракометарите на Веспрем успеаја да го одбранат Куп...

Загреб слави јубилејна 30 титула во Купот, Дибиров МВП на Ф4!

Тимот на Загреб без многу проблеми го освои...

Бразилски репрезентативец пристигнува во Војводина

Актуелниот шампион на Србија, Војводина, на лето ќе...

Веспрем стигна до 31. трофеј во унгарскиот Куп

Ракометарите на Веспрем успеаја да го одбранат Куп...