Туристичките агенции добија свој „Booking.com“ и „Airbnb“! Пристигна „Ајде на Одмор“!


Дали ви е познато ова сценарио: Сакате да одите на одмор во регионот, имате одреден буџет, но немате идеја точно каде. Започнувате со пребарување на Booking и Airbnb, цените – плафон. Се решавате да ги проверите локалните туристички агенции и токму тука започнува вашата голгота. Отворате сајтови на десетици агенции, гледате табели со цени со кои тешко се снаоѓате, ѕвоните на телефони, одите од агенција до агенција… и така со денови. Изборот е голем, ама веќе сте заборавиле кои услови ви биле понудени претходно.

Не грижете се, пристигна Ајде на Одмор! „Ајде на Одмор“ е веб агрегатор кој со леснотија ви овозможува да пребарате низ пакет аранжманите на туристичките агенции во Македонија и притоа да направите онлајн резервација! Ајде на Одмор е веб сервис кој не ве ограничува со понудите од локалните туристички агенции, а притоа ви дава можност целосниот процес на резервација да го завршите електронски, без никаква потреба физички да ја посетите туристичката агенција. Ајде на Одмор е 100% онлајн туристичка агенција.

Платформата е резултат на голем труд и усогласување на потребите на тур-операторите и корисниците, а е креирана со цел да го олесни процесот на букирање на идеалниот одмор, со само неколку кликови, од кој било уред и кое било место, како и да овозможи уште поконкурентни понуди за одмор. Преку неколку едноставни чекори, корисниците имаат можност да ги пребаруваат најновите понуди од македонските тур-оператори и туристички агенции, да споредат цени и да ја изберат таа што најдобро одговара на нивните потреби.

Една од главните предности на www.ajdenaodmor.mk е интеграцијата со Merakzy, првата веб-базирана софтверска платформа за комплетно менаџирање и автоматизација на работните процеси во туристичките агенции, нивната соработка со субагентите како и онлајн резервација на пакет-аранжмани. Merakzy е најсеопфатен софтвер за управување со туристчки агенции развиен во соработка со туристичките работници во Македонија! Токму поради ова се обезбедува автоматско пренесување на информациите за резервацијата до системите на агенциите во реално време, што гарантира точност и избегнување на потенцијални проблеми, како што е двојното букирање.

Услугата е достапна 24/7 и во реално време ја прикажува достапноста на слободните капацитети на пазарот, благодарение на ажурноста на сите агенции кои се вклучени во системот. Преку www.ajdenaodmor.mk имате можност да ја уплатите целосната сума на пакет аранжманот или да уплатите 30% од сумата. Со вторава опција, која start-up-от ја лансираше од неодамна, со значително помала онлајн уплата го резервирате вашето место, а остатокот од сумата го плаќате онлајн или преку банкарски трансфер, а имате и можност да ја платите на повеќе рати.

Во моментот на АјдеНаОдмор.мк достапни се повеќе од 5.000 термини за лето во Грција, Албанија, Црна Гора и Италија.

Oд оваа година start-up-от започна да функционира и на српскиот пазар, а визијата е брзо проширување и освојување на целиот Балкан со цел зголемување на понудата, како и да се овозможи на крајните корисници брзо и лесно букирање на аранжмани во туристички агенции од регионот.

* Комерцијален текст

– Реклама –



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Песот на Бајден ги каснал тајните агенти најмалку 24 пати

Кучето Командер на американскиот претседател Џо Бајден каснало агенти...

„Кога на вашите им викате „јас и Оливер се обезбедивме“ ЈАСНО ИМ Е ДЕКА ГИ ГУБИТЕ ИЗБОРИТЕ“

Во однос на апанажата, кога вашите членови, симпатизери, луѓето...

За оваа изненадувачка придобивка од водата за пиење ретко се зборува

131 Знаеме дека не можете да живеете без вода. Тоа...