Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the td-cloud-library domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/kolumni/public_html/wp-includes/functions.php on line 6131
Да се одложи наметнатиот рок за промена на личните документи | KOLUMNI.mk

Да се одложи наметнатиот рок за промена на личните документи

Македонската власт премногу често е подготвена да угоди на странските дипломати од Западот, и тоа по секоја цена. Дали смета дека со тоа и прави добро на Македонија или пак смета дека само така може да остане во удобните фотелји не е баш јасно, но јасно е дека поставувањето на разни ултиматуми за граѓаните кои треба да ги прифатат и извршат се редат како на филмска лента.

Еден од таквите ултиматуми е до почетокот на 2024 година граѓаните на Македонија да ги сменат личните документи. Во личните карти и пасошите морало да го има омилениот збор на Владата – „Северна“.

Зошто ова не се пролонгира? Зошто граѓаните да менуваат лични документи кои се уште им се важечки? Зошто промената да не оди по вообичаениот пат, со што ќе се избегнат големите гужви кои веќе се створаат, а и непотребните трошоци?

Нема термин наскоро, најрано што може да се закаже е за два месеца… Ваков е одговорот којшто деновиве скопјани го добиваат од операторите на МВР кога се обидуваат да закажат добивање или менување на личните карти и пасоши. Тие на социјалните мрежи негодуваат.

-Наметнаа ултиматум, а не се способни да го спроведат, туку не оставаат нас граѓаните дополнително да се мачиме. И на крај и сето тоа дебело да го платиме, е една од многуте реакции.

Но, ставот на МВР и Владата е категоричен: нема можност за пролонгирање на рокот, а немало можност државата да ги подмири тие трошоци наместо да ги плаќаат граѓаните, или барем тие да бидат помали.

Сепак, дали навистина нема можност издавањето на новите лични карти, пасоши и други документи да се пролонгира? Се обиде ли власта воопшто да размислува во правец на интересите на граѓаните или нечии диктати им се поважни?

Да, познато е, рокот за замена на документите е ставен во фамозниот Преспански договор и предвидува во период од пет години, од почеток на важењето на Договорот, да се изврши замена со која на личните документи ќе го има новото-наметнато име на нашата држава. Во Договорот, инаку, е предвиден и „политичкиот“ преоден период кој се однесува на сите документи и материјали коишто се за внатрешна употреба и чие издавање ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш. Но, тоа веќе никој не го споменува…

Има ли отворање на поглавја? Нека излезе вицепремиерот Маричиќ да објасни. Или пак само ќе каже – мора да го смениме Уставот? 

Зарем навистина е оправдано граѓаните да се притискаат со февруарскиот рок, да се упатуваат закани со казни, да се создаваат редици пред шалтерите за вадење на лични документи, да се создава нервоза…, а другата страна ништо не испочитувала?

И не само тоа – зошто баш сега кога се наметна промената на личните документи се покачија цените за тоа? За лична карта граѓаните сега плаќаат 310 денари, што е зголемување за 120 денари. Возачката дозвола чини 410 денари, што е поскапо за 130 денари. Цената на пасош за лице до 27 години останува 1.500 денари, но за лице над 27 години ќе изнесува 2000 денари…

-Не сотреа со давачки, сега и за лична карта поголема цена бараат. Никако пари да им стасаат на овие од власта. Само некои нови даноци, поголеми казни, нови цени на документи. Ненаситници, а само себе си ги покачија платите, реагира на социјалните мрежи друг граѓанин.

Објаснувањето од власта за зголемените цени е дека поскапеле репроматеријалите, дека имало и други трошоци…

Има граѓани кои велат дека ќе подразмислат дали да го послушаат ултиматумот и документите ќе ги менуваат кога ќе им дојде редовниот термин бидејќи до тогаш им се важечки.

-Не понижија со смената на името на државата, сега не понижуваат и со ултиматуми кои плус и треба дебело да ги платиме. Мојата лична карта важи уште две години и ќе видам дали ќе ја менувам до тогаш, напишал граѓанин на интернет. 

Се уште има време власта да подразмисли. Министрите сосе премиерот да продумаат околу тоа ултимативната промена на личните документи да се пролонгира барем за уште две – три години. До тогаш ќе си трае постепеното менување на документите како што нивните рокови на важење истекнуваат. И секако – цените да ги намалат. 

А за понижувањето дека други ни кажаа (а власта прифати) како треба да ни изгледаат личните документи, ќе си остане траен белег на Владата. Што за тоа мислат граѓаните ќе кажат на избори.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Njonjo, opasniji su oni koji brane kršćanstvo, nego mi koji ga “napadamo”

UZVRPOLJIO se naš predsjednik Sabora...

Пишува м-р Јанко Билбилоски: Професионалната ориентација и изборот на идна професија во современите услови на живеење

Професионалната ориентација претставува комплексен и долгорочен процес кој има...

Први мај – синтеза на глобалниот социјализам и македонскиот револуционерен дух – Denesen.mk

Д-р Мимоза РАЈЛ Синтеза на глобалниот социјализам и македонскиот револуционерен...

Trumpizam je postao samoubojstvo iz zasjede. Sprema mu se debakl

DOK SVET otaljava još jedan...