Тимот на Вардар Неготино, кој во новата сезона ќе влезе со нов стратег, го ангажираше вториот странец во тимот.
Станува збор за десното крило Александар Кериќ, српски интернационалец, кој има 27 години и своевремено играше за Струга.
Тој потекнува од Партизан, во Србија го носеше дресот и на прволигашот Мокра Гора, а играше за словачкиот тим Спорта Хлоховец и босанските Славија Сараево и Босна.
Минатата сезона Кериќ не играше ракомет, туку беше дел од реалното шоу „Задруга“ што е многу популарно во Србија.
Неготинци претходно ги обновија договорите со дел од ракометарите (Кузманов, Орешков, Адамовиќ…), а нов стратег ќе биде македонската легенда Игор Котевски.