Уште денеска поројни дождови, за утре метеоролозите ветуваат стабилно топло време

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Локално ќе има услови за краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.

За време на викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно и потопло, а повторно дестабилизирање се очекува од вторник.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Општините да ги спремат проектите, ќе добијат 250 милиони евра, најави Перински

-Општините да спремат проекти, ќе добијат 250 милиони евра....

Венко Филипче e новиот лидер на СДСМ – водство со значителна на претседателските избори во партијата

Венко Филипче извојува победа на внатрепартиските избори за лидерот...