Вардар го победи Еурофарм Пелистер и останува во трка за титулата

Осмата рунда во ракометната Суперлига го донесе на програмата вечното дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, а по крајот на истото, финишот од сезоната ќе биде доста поинтересен.

Битолчани имаа шанса со победа во Скопје уште вечерва да почнат до прослава на титулата и одбрана на трофејот кој го освоија лани, но за да стигнат до тоа, сега ќе немаат право на грешка во периодот кој следи.

Вардар покажа карактер и ја искористи предноста од домашен терен за да оствари важна победа, па така сега остана во игра и математички се уште има шанси да се надева на титула.

Уште првото полувреме беше најава за спектакуларно дерби во кое одлучуваа нијанси, но Вардар уште во воведните 30 минути стекна минимална предност (12:11), а истата успеа да ја надгради во вториот дел.

Иако Пелистер направи серија од 4:1 и поведе со 17:18 во 42-та минута, клучни беа последните десет минути, во кои Вардар успеа да се одлепи на 24:20, по што почна да се слави големата победа во „Јане Сандански“. Пелистер не постигна гол во завршните 12 минути од мечот и црната дупка ја плати со дерби пораз, по кој сега повторно се вжештуваат страстите во битката за титулата.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ