Вардар се врати со пораз, Работнички ќе биде хит сезонава – Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 1. КОЛО

Стартуваше новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Најтрофејниот Вардар со пораз во Струмица од АП Брера (1-0) се врати во елитата, во која како што изгледа ќе има тешка задача поради сите проблеми да остане во неа. Најпозитивно изненадување е Работнички кој одигра одличен натпревар против фаворизираниот Шкупи (3-1) и со тоа ја крена летвичката за своите амбиции на стартот на сезоната. Актуелниот шампион Струга ТЛ ја почна одбраната на титулата со сигурен триумф над Гостивар од 2-0. До минималец стигнаа Тиквеш на домашен терен против Македонија ЃП и Шкендија на гостувањето кај дебитантот Воска. Во источното дерби Штип во крајно интересен натпревар Брегалница беше подобра од Силекс (2-1).

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Георг Стојановски (Работнички)

Работнички има нов дијамант. Се работи за 19-годишното момче Георг Стојановски кој ја направи разликата во мечот против Шкупи (3-1). Младиот фудбалер во игра влезе во 76. минута. Прво изнуди пенал во 82. за водство на својот тим од 2-1, а на крајот ја запечати победата со својот прв погодок сезонава во судиското надополнување.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Милан Илиевски (Работнички)
Работнички ќе биде хит годинава во ПМФЛ откако на стартот одигра неверојатен натпревар и го совлада големиот фаворит Шкупи со 3-1. Милан Илиевски одлично го подготви овој натпревар и повеќе од заслужено ја одведе својата чета го прва победа сезонава.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Георгије Јанкулов (АП Брера)

Младиот фудбалер на АП Брера Струмица, Георгије Јанкулов го постигна единствениот погодок вреден три бода во натпреварот против Вардар на стартот на ПМФЛ. Младиот фудбалер постигна неверојатен погодок од 30-тина метри со кој го матираше одличниот Филип Гачевски на голот на Вардар.



ФОТО НА КОЛОТО: Најмладите во Штип живеат за фудбалот



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Трампа меѓу Кил и Келце – Вулф во Германија, Беласен во Полска!

Според пишувањата на „Билд“, еден од најдобрите голмани Андреас...

Од Куманово во БиХ – Благојевиќ ќе им прави друштво на Граџан, Николиќ, Плех…

Довчерашниот член на Куманово, Милош Благојевиќ, кој во...

Вардар ја врати Јасмина Попова во своите редови

Покрај продолжувањата на неколку договори со клучните играчи,...