Вигерт за трансферот Вулф: Пред неколку сезони ќе се смеевме на ова, ама сега…

Еден од најдобрите голмани на светот Андреас Вулф во изминатиот период често е поврзуван како нов потенцијален голман на екс европскиот првак Магдебург.

Вулф од сезона 2019/20 е член на Келце, со полскиот вицепрвак има долгорочен договор, односно двете страни имаат соработка до 2028 година.

Според „Билд“ Магдебург нуди оштета од 1.200.000 евра за искусниот голман да го донесе во своите редови.

Тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт, за германскиот портал „Handball World“ ги коментираше шпекулациите за можната преселба на Вулф во неговиот тим.

,,Веќе кажав сè на оваа тема, но би сакал да нагласам едно: немав контакт со Келце, иако познавам многу од раководството на тимот. Вулф сè уште е под договор до летото 2028 година. Изненаден сум од висината на обештетувањето од 1,2 милиони евра. Гледајќи ги овие бројки, сите треба да бидеме сериозни. Пред неколку сезони ќе се смеевме на ваквите гласини, но сега ова е веќе реалност “, изјави Вигерт.

Магдебург нуди 1.200.000 евра за Вулф?

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

🎥 Најдоброто од најдобрите – ТОП 10 голови и одбрани во Лигата на шампионите од 2023/2024

Пред ждрепката за новата сезона во машката и женска...

Околу милион навивачи ги гледале натпреварите од женската и машката ЛШ!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска објави дека за...

Екс вардарецот Оцвирк потпиша за клуб од Унгарија

Словенечкиот интернационалец Грегор Оцвирк , кој во својата...

Ракометна треска во Холандија – распродадени сите билети за тест-мечот со Јужна Кореја

Женската репрезентација на Холандија ќе биде една од...