Владата му врати на Мицотакис: Дали Вие го почитувате Договорот од Преспа?

-Во целост ги отфрламе наводите за наводно кршење на Договорот од Преспа од страна на клучните политички личности во државата, и преземените обврски согласно Уставот, се вели во реакцијата на Владата по ставот на грчкиот премиер Мицотакис кој во Брисел се жалеше на употребата на името Македонија

„Истакнуваме дека државата продолжува да ги почитува превземените обврски од Договорот од Преспа во сите негови аспекти, вклучувајќи го тука и употребата на името “Македонија”, како и името “Северна Македонија” во соодветни формати и прилики утврдени со Договорот и Уставот на државата.

Нагласуваме дека преземените обврски се двонасочна улица и воедно треба да се земат во предвид и обврските кои ги има соседна Грција, а кои не се исполнети.

Исто така, сакаме да нагласиме дека процесот на европски интеграции продолжува да биде наш важен приоритет. Ние сме уверени дека нашиот напредок и придонес кон регионалната стабилност и безбедност, како и нашата посветеност на реформите, ќе бидат правилно оценети и вреднувани од страна на Европската унија.“ – се вели во реакцијата на Владата.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Општините да ги спремат проектите, ќе добијат 250 милиони евра, најави Перински

-Општините да спремат проекти, ќе добијат 250 милиони евра....

Венко Филипче e новиот лидер на СДСМ – водство со значителна на претседателските избори во партијата

Венко Филипче извојува победа на внатрепартиските избори за лидерот...