За ова требаше да се зборува во кампањата, ама…

Македонија има голем проблем со демографијата. Се помалку има бебиња, а и се повеќе има иселување од земјата. Едноставно, бројката на населението се топи забрзано.

Сето ова се гледа низ многу примери, а највидливо е во училиштата. За една училишна година се затвориле четиринаесет основни училишта, покажуваат најновите податоците кои ги објави Државниот завод за статистика. Од 976 основни училишта во 2021/2022 година, во 2022/2023 овој број се намалил на 962.

-Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2022/2023 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 182 245, што претставува намалување за 1,4% во однос на претходната учебна година. Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2022/2023 година изнесува 66 678, што претставува намалување за 3,9% во однос на претходната учебна година, стои во соопштението на ДЗС.

Намален е и бројот на специјални основни училишта, кои сега на територијата на Македонија се 35, а паѓа и бројот на паралелки и ученици, односно за една година, бројот на паралелки се намалил од 11.057 на 10.997, додека пак бројот на ученици од 184.910 на 182.245.

Инаку, единствено што е во пораст е бројот на наставници во основното образование, од 19.326 на 19.609 наставници.

Сите овие податоци се алармантни. Очекувавме за овој голем проблем почесто да се зборува и дава решенија во изборната кампања, ама…

Изгледа на нив друг аларм „вришти“ – да се нападне политичкиот противник, да се дадат старо-нови ветувања, да се…

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ