Зарем пратениците со закони ќе прогласат странци за богови, а македонските работници за робови?

Македонија скоро три децении има „слабост“ кон странци особено ако се од страната каде сонцето заоѓа. Те ги слуша нивните лекции, те ги уважува ултиматумите кои од таму неретко доаѓаат, те постила црвени теписи за тамошните дипломати и фирми, те…

Сето тоа се прави со надеж дека ќе дојде подобро утре и дека ќе сме дел од тоа одбрано друштво. Дали Македонија некогаш е толку гостопримлива што давајќи привилегии на странците оди на сопствена штета?

Ова прашање деновиве се поставува по повод најавената изградба на новите автопатиштата по коридорот 8 и 10 во Македонија кој треба да го изведе американско-турски конзорциум. Излегуваат на површина скандали, контроверзи, спорните одредби, можна корупција… На сите претходни скандали врзани за изборот на надзорот на изградбата со што ќе се платат милиони евра на фирмите кои прекуноќ станале „стручни“ за сложени проекти, сега се надоврзуваат и нови. Синоќа се обелодени и тоа дека ќе се платат и до 200 милиони евра пенали ако не се усвојат законски измени со кој ќе им се зголеми работната недела на работниците. Така се обврзала Владата во договорот, а за чии потреби вчера почнаа да се туркаат измените во повеќе закони во македонскиот парламент.

Нормално ли е македонските граѓани да се ставаат во подредена ситуација пред законите за разлика од странци? Има такво нешто во земјите кон кои итаме да се приклучиме?

Острите реакции во јавноста на археолозите вчера спречија да се донесат апсурдните измени во Законот за културно наследство, со кои надзорните органи ќе треба да решаваат за значењето на можните архолошки откритија. Предложените измени се повлекоа и ќе се менуваат. Но, останати осум предложени промени во законите ја поминаа првата фаза. Доколку тие се донесат како што се предлага, нема да се плаќа данок за додадена вредност (ДДВ) за изградба на патиштата, односно фирмата нема да плаќаат ДДВ. Конзорциумот ќе биде ослободен од увозни давачки, а ќе му се враќа и акцизата на енергенси. 

Вакво нешто има за домашни фирми?

Со тоа што ќе се менува законот за експропријација, нема да се чека одлуката за имотот да стане правосилна како до сега. Постапките за одобрување на проект од Законот за урбанистичко планирање нема да важат за изградбата на патиштата, за да може тие брзо и ефикасно да се градат. Ќе се намалат и постапките за пренамена на шума и земјоделско земјиште…

Сето тоа се одредби кои се многу спорни, а некои и дискриминирачки за кои добро треба пратениците да размислат.

За таквата потреба веќе стасаа укажувањата од бројни страни. Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара повлекување на предложените измени во законите, укажа дека има можност од корупција и дека сериозно се нарушува индивидуалните права на сопственост загарантирани со Уставот.. Синдикатот, пак, оцени дека со тоа што се предлага се понижуваат македонските работници и дека на компаниите ќе им се овозможи да ги „преработат, преморат и изнемоштат работниците кои очигледно треба да им бидат не само робови, туку и роботи“…

Но, власта тоа не ја премисли и се реши да се тргне во процедура на усвојување. Сега дискусиите се селат во собраниските комисии и таму ќе има можност и натаму да се укажува на спорните одредби. А тоа ќе значи и нова можност пратениците добро да размислат околу овој проект кој државата ќе ја чини и над предвидените 1,3 милијарди евра. Оттаму, во парламентарната процедура треба да се вклучат сите оние кои деновиве изнесуваат забелешки – стручни организации, експерти, антикорупционери, граѓански организации…, за да се дојде до најдобри решенија.

Не е добро Македонија со закони да прогласува странци за богови, а работници за робови.

ПС Ако тоа се стори, тогаш министрите и пратениците од мнозинството нека не мислат дека таквите закони нив ги прават ангели блиски го боговите.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Драчево со гол од пенал ги освои бодовите против Младост Богданци

Ракометарите на Драчево на свој терен успеаја да...

Веспрем повторно му одржа лекција на ПИК Сегед

Екипата на Веспрем денеска уште еднаш му покажа...

Магдебург гази се пред себе – на чекор до титула во Германија

Во дерби дуелот од 29. коло во Бундес...

Ustavni sud se ponio kukavički

POSTIZBORNI cirkus ulazi u svoj...