Шкупи делува моќно, Струга Трим и Лум влегува во проблеми – Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 19. КОЛО

Актуелниот шампион Шкупи со стил го отвори пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига откако во дерби натпреварот одигран во Кичево славеше над Шкендија со 2-0. Избраниците на Гоце Седлоски одиграа неверојатен натпревар со кој и дефинитивно повторно се први фаворити за освојување на титулата. Есенскиот шампион Струга Трим и Лум по ремито на гости против Тиквеш (1-1) сега има само бод предност пред чаирчани, но и натпревар повеќе, така да Шкупи во моментов има се во свои раце. Во мечот на два тима кои одиграа катастрофално минатата есен Академија Пандев беше посреќна и славеше над Македонија Ѓорче Петров со минимални 0-1. Работнички веројатно го направи клучниот чекор во борбата за опстанок триумфирајќи на гостувањето кај Победа со 0-2, додека Брегалница одигра без голови 0-0 против „фенерџијата“ Скопје.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Фреди Алварез (ШКУПИ) 

Актуелниот шампион Шкупи со стил го отвори пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига откако во дерби натпреварот одигран во Кичево славеше над Шкендија со 2-0. Најзаслужен за победата на чаирчани беше неверојатниот костарикански интернационалец Фреди Алварез кој одигра натпревар за „десетка“.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (ШКУПИ)

Со победата над Шкендија во дербито на 19. коло фудбалерите на Шкупи повторно влегуваат како први фаворити за титулата во домашниот шампионат. Гоце Седлоски одлично го постави својот тим и успеа да го надигра Ќатип Османи на клупата на Шкендија.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Валентин Кочоски (Струга ТЛ) 

Струга Трим и Лум се спаси од пораз на гостувањето кај Тиквеш (1-1) во првиот натпревар за стружани во пролетниот дел од сезоната. Спасот за стружани беше во ногата на Валентин Кочоски кој на феноменален начин со гол од слободен донесе бод за лидерот на табелата.



 

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Лисичков и Зајков искомбинираа 18 гола, Астраион падна во Гевгелија

Екипата на Партизан пред својата публика со пресврт...

🎥ВИКЕНДОВ НА 24РАКОМЕТ… Грузиецот чија интернационална кариера започна од Македонија

Грузискиот репрезентативец Теимураз Орјоникидзе по пауза од пет...

ЅВЕЗДА НА 22. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – ИСИДОРА КОТЕВСКА (МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА)

Ракометарката на Металург Автокоманда, Исидора Котевска, го доби...

МВП НА 11. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – МАРИО СТОЈАНОВСКИ (ВАРДАР)

Ракометарот на Вардар, Марио Стојановски, го доби признанието...