Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the td-cloud-library domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/kolumni/public_html/wp-includes/functions.php on line 6131
Искршените скопски клупи ја бараат комуналната полиција | KOLUMNI.mk

Искршените скопски клупи ја бараат комуналната полиција

Колумна на Никола Тасев:

На Скопје му фалат многу работи! Недостига повеќе зеленило, уредени паркови, содржински детски љуљашки, маалски спортски терени… На македонската метропола многу му фали и улична хигиена. Ама па затоа на Скопје не му фали некултура и вандали, кои, како едвај да чекаат да се постави нова клупа или нов кош за да ги испокршат.

Шетав викендов низ Парк. Се згрозив: клупи искршени, споменици исшкртани, уништени дрвца, ѓубре насекаде… Ете затоа на Скопје му фали и поголема одговорност на граѓаните кон заедничките добра. Скопјани плаќаат, ама и преплаќаат поради лошите скопјани. На местото за една клупа по три купуваат и пак нема каде да се седне.

Очигледно дека на главниот град му фали и комунална полиција, која ќе ги лови и санкционира уништувачите.

Земав да прочитам до каде е со идејата за комунална полиција, како по примерот на останатите градови во Европа. До никаде! Најавено е во програмата на Владата уште во 2020 година дека за една година ќе почне да функционира. Најавено е и од поранешниот градоначалник дека во неговиот мандат некултурата ќе ја санкционираат комунални полицајци. Ништо од тоа! Ветувањето на Шилегов се изгуби изгледа во тунелот под Калето што исто така го вети. Еве и денес, втора година од мандатот на сегашниот состав скопски градоначалници – оваа идеја е се уште само идеја. И Арсовска ли ќе биде како Шилегов?

Додека читав за комуналната полиција во очи ми паднаа и бројни текстови за опожарени видиковци, искршени светилки, контејнери во пламен… И не само во Скопје, туку во сите градови низ Македонија. Дури постојат и групи на социјалните мрежи каде што вандалите се фалат за своите подвизи.

Во очи ми паднаа и примери од градови во другите држави. Поинаку е! Таму си ги чуваат парковите, клупите, светилките… Чисто е! Си ги почитуваат своите градови.

Сепак да потенцирам, решението е и во самите скопјани. На сите потребна ни е поголема свесност, дисциплина и почитување на околината и предметите што  заеднички ги користиме. Ова особено важи за младите, на кои им треба советувања, укажувања, па ако е потребно и санкции за да се научат дека клупата не е од дедо им или од татко им за да ја кршат кога ќе посакаат. Кој уништил клупа, кој запалил контејнер – нека биде казнет и нека си ја плати штетата. Знам дека мојот став е ригорозен, ама само така на вандалите ќе им дојде умот.

Затоа комуналата полиција е потребна веднаш. Затоа што комуналните инспектори што сега постојат во Градот се недоволни. Ги има само петнаесетина. Прашање е и дали и тие доволно си ја вршат работата. Оти лани во првата половина од годината имало нешто над 150 казни за прекршители. Тоа му доаѓа по десетина санкции за пола година од еден инспектор – или комуналните инспектори казнувале по еднаш на секои 20 дена. Што работеле во останатите денови? Немало причина за пишување казни?

Надлежните, и на локално и на државно ниво исто така треба да дадат свој придонес – пример како треба граѓаните да се однесуваат кон заедничкиот имот. Оти тие гледаат како многу скопски улици се асфалтираат, па по неколку месеци пак се прекопуваат и одново се асфалтираат. Расфрлање пари! Од желба за некој процент плус, од желба да покажат дека нешто работа или од нестручност, не е важно – важно е дека тоа е лош пример за обичните граѓани.

Клупите не можат да зборат, но нивното уништување доволно збори за некултурата која не опкружува сите нас и фактот дека не се презема ништо тоа да се смени!

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Пишува м-р Јанко Билбилоски: Професионалната ориентација и изборот на идна професија во современите услови на живеење

Професионалната ориентација претставува комплексен и долгорочен процес кој има...

Први мај – синтеза на глобалниот социјализам и македонскиот револуционерен дух – Denesen.mk

Д-р Мимоза РАЈЛ Синтеза на глобалниот социјализам и македонскиот револуционерен...

Trumpizam je postao samoubojstvo iz zasjede. Sprema mu se debakl

DOK SVET otaljava još jedan...

The Kremlin Fiddles While Tuapse Burns

No sooner had local officials declared that they had...