Струга ТЛ влегува во криза, Шкендија, Шкупи и Силекс се враќаат во игра за титулата – Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 12. КОЛО

Лидерот Струга Трим и Лум почнува да влегува во криза, a сето тоа на најдобар можен начин го искористија Шкендија, Шкупи и Силекс. Овојпат подобра од стружани беше прилепска Победа со 2-0. Актуелниот шампион со маестрални први петнаесет минути во кои постигна три гола го реши Тиквеш со (4-2). Тетовска Шкендија потешко од очекуваното славеше со минимални 0-1 на гостувањето кај Скопје, додека со истиот резултат Силекс триумфираше кај Работнички. Брегалница ја продолжи агонијата на Александар Васоски во Академија Пандев добивајќи го мечот кој се играше во вторникот со 1-0. Очигледно Васоски по својот кам-бек во Струмица не може да ја пронајде формата на своите играчи.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Атхе Мазари (Победа) 

Албанскиот интернационалец беше главен виновник за големото изненадување кое го приреди Победа на мечот против лидерот Струга Трим и Лум. Токму Мазари беше стрелец на двата гола за прилепчани со кои стигнаа до големи три бода во борбата за опстанок.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Бобан Бабунски (Победа)

Победа приреди голема сензација во 12. рунда од Првата фудбалска лига на Македонија, откако славеше на домашен терен против Лидерот Струга Трим и Лум. Бобан Бабунски на одличен начин го надитри својот противник на другата страна во името на Срѓан Захариевски и донесе големи три бода за својот тим во борбата за опстанок.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Александар Вареловски (Тиквеш) 

И покрај поразот на гостувањето кај актуелниот шампион, Александар Вареловски со прекрасен погодок го одбележа дуелот меѓу Шкупи и Тиквеш.



=================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

==================================

ФОТО НА КОЛОТО: Како некогаш… Кратовско славје во Скопје!

 

 

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ