Ако самите ние не знаеме како да одиме каде што сакаме, другите ќе нè однесат таму каде што не сакаме

Ламбе Арнаудов    

Секоја ДРЖАВА, од било каков вид политичка творба да е, и кој општествено политички систем да практицира, мора во себе да поседува нешто недостапно за никого, ТВРДИНА неосвоива од никој, што се вика ТАТКОВИНА.

Ако само макар еднуш ја отвориш вратата на таа ТВРДИНА засекогаш ќе останеш отворен, гол пред сите и лесен плен за секого. Дури и за многу полоши, послаби и помалку вредни кои не ја направиле твојата грешка ами останале затворени и со тоа неосвоиви.

Тогаш, со својата наивност и непромисленост која се изедначува со предавство ќе го доведеш својот народ во ситуација да мисли дека ќе може соголен да се сокрие и зад тревка.

Секој народ е чесен особено МАКЕДОНСКИОТ и секогаш и во минатото и сега и во иднина ги плаќа своите долгови, но не може да ги издржи и плати за туѓите слабости, гревови и предавства.

Каде погрешивме?

Давањето доверба, поточно речено узурпирање на власта од еднооки политичари ПОЛИФЕМИ кои безглаво втурнати, загубени и удавени од сопствена неочекувано добиена неограничена моќ многу брзо го изгубија и тоа око што го имале. Ај што тие ослепеа, го обневидоа и целиот свој народ.

Потоа на итрецот “ОДИСЕЈ“ и дружината лесно им беше со помош на ОВЦИТЕ од ослепениот стопан да ја завршат својата мисија против нашата татковина која ОВЦИТЕ домашни на ТВРДИНАТА  направија поголема врата ширум отворена од самата ТВРДИНА.

Сега за нас највпечатливо се однесува и важи онаа позната изрека на владетелот Агрипа, кој кога е здогледал портата поголема од градот и им рекол: “Затворете ја портата да не ви избега градот (за нас ТАТКОВИНАТА)“

Со ретки исклучоци целиот историски од кон целосна и општа признатост, самостојност и државност нé воделе политичари кои несебично прифатиле да им служат на нарачателите ветувајќи им дека ако на својот народ им ги извадите двете очи вас ќе ви оставиме по едно, а нашите две ќе останат недопрени и неповредени.

Тоа едно око кај нашите ПОЛИФЕМИ сега нема да го изгубат, ама ќе гледаат само накај лошата страна, чунки од благодарност што не останале слепи на двете очи.

Народот? Кому му е грижа за народот. Тој сега без вид можеш да го носиш каде што сакаш, но никако каде што сака тој туку другите ќе нé однесат каде што не сакаме.

Дека ова е апсолутно точно  јас нема да докажувам и наведувам факти. Современици сте и сите ова го знаете и за жал немо го гледате.

Воопшто не е тешко да се спознае вистината.

Само направете сериозен преглед на настаните, вклопете ја фактографијата и ќе ви стане јасно.

Кога се направени најголемите предавства и разорување на македонската држава и народ, кога се понижени, растурени и избришани државните атрибути на ТВРДИНАТА МАКЕДОНИЈА, знаме, име, идентитет, јазик, историја, култура, религија, наследство, промена на територијалната и етничката анатомија, менување на имиња на улици, институции, државни патишта, спортски, културни, државни установи и што е најидиотски промена на лични податоци во кои сега за скоро ќе доминираат специфичности кои од умен, разумен и домаќин човек ќе направат дегенерик.

Сите овие глупави изданија и едиции на целокупното политичко творештво на тупите политичари ПОЛИФЕМИ се од двајца претседатели на држава од редовите на СДС, еден претседател на собрание од СДС (трансформиран) и еден нелегално избран и четворица премиери исто од кого ако не од СДС.

Секако со голема и несебична поддршка од други политичари на кои не им личи да им се придружат затоа што со тоа што дотогаш се претставувале, а сега што ги прави најголеми грешници и предавници на својот народ и татковина.

Но, промените доаѓаат!

Промените ги почнуваат интелигентни и решителни луѓе со цврсти гледишта, константен карактер, принципи, начела и критериуми што се по волја на народот и граѓаните.

Промените доаѓаат со ВМРО-ДПМНЕ.

Промените доаѓаат со ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ.

Затоа и се плашите од ХРИСТИЈАН.

ХРИСТИЈАН е иднината, вие сте минато.

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ со ВМРО-ДПМНЕ ќе нé однесат таму каде што сакаме ние, а не каде што другите со ваша помош нé носевте каде што не сакаме.

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ тоа го направи со ВМРО-ДПМНЕ  и сите ВМРОВЦИ нé однесе таму каде што сакаме.

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ несомнено ќе ги однесе МАКЕДОНИЈА и македонскиот народ каде што сакаме сите граѓани освен неколкумина политичари ЛИЛИПУТАНЦИ.

 

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Забавно е да се игра во Битола“

Голманот на Вардар, Мартин Томовски никогаш во својата...

Кадетското злато остана во Автокоманда

Домаќинот на кадетскиот турнир од Ф4, не залудно...

Младост ја продолжува борбата за второто место во прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Младост Богданци пред својата публика не...

Радовиш чекор поблиску до суперлигашки бараж

Екипата на Радовиш пред својата публика одигра според...