Ракометарите на Еурофарм Пелистер иако играа со осцилации на средбата со Таран Прешов, триумфираа со 29-24, и се блиску до првиот трофеј сезонава. Битолчани се уште ги местат коцките во мозаикот, комбинирајќи со повеќе играчи и давајќи им шанса на сите да „влезат во форма“ пред „вистинскиот“почеток на сезоната.
Кога беше најпотребно, се одигра најдобро, се реализираше шансата, а одбраната и голманите беа пречка што не с еминува, и токму тоа ја прави разликата меѓу вистинските клубови кои имаат големи цели.
Финалето со Олимпијакос ќе биде уште еден меч во кој Еурофарм Пелистер треба да оди чекор плус, и со форма и со резултат.