ЃОРЧЕ КУП 2023: Победнички старт на домаќинот, Вардар поразен од ПАОК

Денес во нашата држава стартуваше единствениот турнир во женска конкуренција „Ѓорче Петров Куп 2023“ кој ќе се игра до 27 август.

На првите одиграни натпревари, кои поради временските неприлики, беа одиграни во спортската сала  „Христо Батанџиев“ во Волково, немаше изненадувања.

Домашната екипа на Ѓорче Петров победнички го започна настапот на турнирот, откако во дуелот со Бор триумфираше со 12 гола разлика, 35:23 (20:13).

Најефикасни во победничката екипа беа Ана Марија Коларовска со осум и Емилијана Ризоска со седум погодоци. Кај гостинките, прв стрелец беше Исидора Сујиќ со шест реализации.

Во групата А, во која се наоѓа и Ѓорче Петров, тимот на Црвена Ѕвезда целосно ја надигра Панорама со 38:25 (22:12).

Поранешниот македонски шампион Вардар во рамки од групата Б претрпе пораз од актуелниот грчки шампион ПАОК со 30:24 (12:16).

Кај вардаровиот тим најефикасна беше Ивона Трпевска со шест погодоци, по пет запишаа Сара Стефаноска и Борјана Коцева. Во составот на грчкиот шампион настапи и повремената репрезентативка на Македонија, Александра Боризовска, која постигна два погодоци.

Во истата група, актуелниот бранител на титулата од ланското издание, Бекаменд, доживеа пораз од Железничар, загуби со четири гола разлика, 31:27 (16:12).



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Се подготвува спектакл – продадени 10.000 билети за последниот натпревар на Никола Карабатиќ

Легендарниот Никола Карабатиќ, кој во април ќе наполни...

Андоновски со два гола во финишот му донесе голем бод на Трст

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски продолжува со одличните настапи...

Андоновски повторно најдобар – му донесе голем бод на Трст!

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски продолжува со одличните настапи...