Бутел во новата сезона има млад тим, без големи ѕвезди, но затоа има екипа која покажа дека има сила да биде фактор во Македонија. Избраниците на Горан Кузманоски во второто коло од турнирот во Охрид го изненадија некогашниот европски шампион Металопластика и триумфираа со 28:27. Солидно издание на голот имаше Бојан Блажески, кој за 24Ракомет ТВ ги сподели своите впечатоци по триумфот над тимот од Шабац, како и очекувањата за дуелот со Татран Прешов. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…