Морган Фримен е во критична состојба, ослабел 25 килограми, предупредуваат пријателите

Пријателите на познатиот актер Морган Фримен се загрижени за неговото здравје.

Имено, како што пренесува Дејли Стар, извори блиски до актерот наведуваат дека тој е во критична состојба и дека изгубил 25 килограми.

-Морган сè уште е еден од највредните луѓе во Холивуд, но кутриот има неверојатни болки. Боли да одиш, да стануваш од стол, па дури и само да ја движиш раката. Поголемиот дел од времето страда во тишина, но најчесто е во агонија, вели еден од изворите.

Покрај тоа, овој 86-годишен актер неодамна мораше да го одложи службеното патување во Европа поради инфекција. Но, неговиот претставник тврди дека изјавите на пријателот се лажни и дека актерот е добро.

Потсетуваме, Морган во 2008 година преживеа тешка сообраќајна несреќа во која му остана парализирана левата рака. Затоа тој носи компресивна ракавица за да се осигура дека крвта сè уште тече во неговата дланка. Освен тоа, му била дијагностицирана хронична фибромијалгија, која вклучува болки во мускулите и коските, придружени со замор и проблеми со меморијата.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ваљадолид се збогува со Дарко Димитриевски

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски во новата сезона ќе...

Хрватска со нов селектор против Македонија на ЕП

Младинската репрезентација на Хрватска ќе има нов селектор...