Босанците оптимисти: Португалија е фаворит, но и ние имаме свои адути

Репрезентацијата на БиХ за ривал во бараж двомечот за пласман на Светското првенство 2025 ја доби Португалија.

БиХ е аутсајдер во двомечот со португалската репрезентација, но новиот селектор Дамир Доборац смета дека неговите избраници ќе има што да покажат на двата натпревари.

,,Секако дека Португалија на хартија е фаворит, но ние не бегаме од тоа и нема лесно да се предадеме. Имаме свои адути, немаме многу време да договориме некои работи, но искрено се надевам дека ќе го дадеме максимумот во однос на пристапот и доколку тие бидат подобри на крајот, ние секако ќе им подадеме рака, но ќе дадеме сѐ од себе да не им дозволиме така лесно да се пласираат на СП”, изјави Доборац.

Првиот натпревар меѓу БиХ и Португалија ќе се одигра на 9 мај во португалскиот град Гуимараес, додека реванш средбата е закажана за 12 мај во Тузла.

БиХ на Мундијалите има учествувано само во 2015 година, но на единственото досега учество имаше лош пласман, заврши на 20. позиција.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ