Бредли Купер критикуван за портретирањето на Бернштајн, децата на композиторот го бранат актерот

Семејството на Леонард Бернштајн ја поддржува контроверзната одлука на Бредли Купер да носи голем протетски нос во новиот филм „Маестро“, во кој тој глуми прославениот еврејски композитор.

Актерот Бредли Купер, кој го напиша, режираше и глуми во „Маестро“, стана цел на критики откако оваа седмица беше објавен трејлерот за претстојниот филм на Netflix.

Критичарите сметаат дека одлуката да се носи лажен нос е стереотипна и ја нарекоа „Jewface“, во врска со практиката позната како „Blackface“ во која нецрните изведувачи ги затемнуваат лицата за улоги.

Други се прашуваат дали не-еврејските актери како Купер воопшто треба да глумат Евреи.

Но, трите деца на покојниот Бернштајн рекоа дека „целосно се согласуваат“ со одлуката на Купер „да користи шминка за да ја зголеми својата сличност“ со нивниот татко.

„Вистина е дека Леонард Бернштајн имаше прекрасен, голем нос“, напишаа Џејми, Александар и Нина Бернштајн на социјалните мрежи. „Сигурни сме дека и нашиот татко би бил добро со тоа“, додаваат во објавата.

Бернштајн, син на еврејско-украински имигранти, почина во 1990 година, но тој останува еден од најпознатите композитори и диригенти на сите времиња. Тој беше музички директор на Њујоршката филхармонија и го напиша славниот мјузикл на Бродвеј – „Приказни од западната страна“ („West Side Story“).

Купер, со девет номинации за Оскар, е најпознат по улогите во „Ѕвезда е родена“ и „Мамурлак“. „Маестро“ е биографска романса за Бернштајн и неговата сопруга Фелисија Монтеалегре, играна од Кери Малиган.

Холивуд долго време го мачат прашања за тоа дали белите треба да глумат вистински луѓе од етничките малцинства.

Семејството Бернштајн го пофали Купер за неговата „посветеност“ и рече дека поплаките за проектот „изгледаат како неискрен обид да се понижи успешна личност, практика што сме ја виделе премногу често спроведена врз нашиот татко“.

Премиерата на „Маестро“ е закажана на Венецискиот филмски фестивал во септември.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...

ИЗБЕРИ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)

Зад секој успех на тимот стојат и поединци...