Бугарски документ кој треба да го прочитаат и овдешните суетни политичари

Колумна на Наташа Котлар-Трајкова:

Во северната република, власта многу често, посегнува по историјата (македонска) и настојува неа да ја прилагоди по свој ќеф, заради, „нашата иднина“, ЕУропејскиот пат и интеграцијата во ЕУ! Верувам, ова ви изгледа ем трагично, ем комично!

Но, паметните луѓе, од поодамна констатирале дека: „Историјата е политика што повеќе не може да се корегира, но затоа пак, политиката е историја што сé уште може да се корегира“! Ова го спомнувам бидејќи сакам да укажам на фактот дека македонскиот народ уште во периодот кога бил неслободен, потчинет за време на османлиското владеење и немал своја црква, туку бил под духовната власт на признатите цркви – Цариградска патријаршија и Бугарска егзархија, имал доволно разум, сила и волја да реагира и да се спротивстави на големодржавните и националистички политики на соседните држави кон него и неговата земја. Како поткрпа на ова приложувам еден подолг фрагмент од документ на бугарската влада (1900) до нејзиниот дипломатски претставник во Белград, во кој се вели:

„Имаме неспорни докази, а и случувањата во последните години јасно покажаа дека големото мнозинство на христијанското население во Македонија секоја поделба на сфери на влијание ја сфаќа многу непријателски. Нивната желба оди до таму, да им се гарантира личната безбедност и правото на сопственост и да им биде дадена слобода мирно и мирољубиво да се развиваат и да ги уживаат сите права на рамноправни отомански државјани според меѓународните договори и законите на Отоманското Царство. Секаков обид за каква било поделба кај македонското население би предизвикало огромно незадоволство и во оваа братска земја би причинил еден таков раздор и неединство што би можело да изврши многу штетно влијание не само врз тамошното население, туку и врз мирот и редот како во Бугарија, така и во Србија. Кога пред неколку години [со билатералниот договор познат како „Угодба“ од 19 февруари 1897 г., б.м.], за првпат, беше отворено прашањето за ‘сфери на влијание’, од страна на населението во Македонија кон нас беа упатени најжестоки протести во однос на ова прашање. Населението со сите сили се бореше против една ваква поделба и се изјасни дека никогаш не сака да се стави ниту под старателството на Бугарија, ниту пак, под она на Србија. Идејата за одделување и самостоен развиток за кратко време стана толку популарна, што во многу места во Македонија почна да се оспорува постоењето на било какви племенски сродства или други врски меѓу тамошното население и оние од другите балкански држави!“

Понудената содржина доволно, говори! За да не ни се случи во сегашниов момент да станеме трагедија поради глупавоста на суетните политичари и на очигледните изманици, потребен е отпор. Во актулените услови на рудиментирани државни институции и атрибути, македонскиот народ и нацијата (сите граѓани) треба да се спротивстават умно и достоинствено на упорното и недолично посегање кон Уставот заради измени што носат погубен карактер за македонскиот идентитет (културен, историски, национален, државен)!

 

 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ