Ќе изгласаат денес нова Влада и потоа ќе си ги скратат патните трошоци?

Еве дојде и денот кога ќе се реконструира македонската влада. Со недели најмногу за тоа се зборува, како ДУИ и СДСМ ќе го зголемеле владиното мнозинство, а потоа ќе се зголемело работењето за арното на Македонија.

Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски треба да добие четворица нови министри и петмина нивни заменици. За пониските ешалони, односно, директорски места по државни претпријатија уште малку ќе се договара за да дефинитивно се знае кој каде ќе зема големи плати и ќе седи во големи фотелји.

Од сето ова јасна е користа за ДУИ и СДСМ, ќе имаат постабилно мнозинство и ќе може полежерно во парламентот некои да си отсуствуваат од седници, да си надгласуваат опозиција… Но, кои се придобивките за Македонија од сето ова влези – излези во Владата?

СДСМ и премиерот деновиве постојано ја убедуваат јавноста дека со новото мнозинство, за кое не се знае колку пратеници ќе изнесува, ќе има промени – на поарно.

-Ќе има реформи, економски политики и забрзана интеграција на државата во ЕУ. Сега се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност, унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата, како и зголемена ефикасност на Собранието и институциите, соопшти СДСМ.

Реформи ќе почнат? Па нели цело време ги спроведуваат – така самите кажуваа цело време?

Економски политики ќе тераат? Па нели до сега успешно ги тераа – така самите кажуваа цело време?

Ќе го унапредуваат правото? Па нели тоа цело време го прават, а и секоја година да менуваш ресорен министер добро ли е?

Но, еве да почекаме. Денеска има седница на парламентот. Може баш на неа новото мнозинство ќе ги намали патните трошоци на пратениците. 73 пратеници земале 360 000 евра за 11 месеци. Не им е малку незгодно?

Тоа да го направат доволно е за почеток. Ај па може потоа ќе има нова реконструкција на Владата. Тоа знаат добро да го прават.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Јанев со прв список – 20 младинки на собир за ЕХФ неделата

Селекторот на женската младинска репрезентација на Македонија, Дарко...

Евро задачи за браќата Илиевски и Металари

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за...

Исланд доаѓа на пријателски турнир во Македонија

Женската младинска репрезентација на Македонија ја очекува настап...

Истражувач на долговечноста ја открива нивната тајна

79 Сингапур е најновата „сина зона“ во светот, дефинирана како...