Чупиќ кажа крај: Имам тежок карактер, фала на сите што ме трпевте!

Некогашниот вардарец Иван Чупиќ во четврток против Нексе ќе го одигра последниот натпревар во играчката кариера.

Десното крило на Загреб, од лето ќе има нова улога и ќе му биде помошник на тренерот Андрија Николиќ.

„Сигурен сум дека во четврток ќе ми биде последен натпревар как играч. Имаме уште два дена работа и да ја завршиме сезоната со дупла круна. Веќе од четврток навечер ќе почнеме да се спремаме за наредната сезона. Тоа што е важно е што Загреб напредува и ги исполнува своите цели. Драго ми е што останувам во клубот. Благодарност до Андрија што ме предложи за асистент, и на довербата од раководството. Сакам да се развивам како тренер и да учам од поискусните. На крај сакам да се заблагодарам на сите тренери и соиграчи што ме трпеа. Знам дека сум тежок карактер и не им беше лесно мене, но се надевам дека ми простија и ќе ги паметиме само убавите денови. Благодарност и до цело мое семејство без кое немаше да бидам ова што сум“, вели Чупиќ.

Во дресот на Вардар, искусното десно крило играше пет сезони до 2021 година, и освои две титули во Лигата на шампионите.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...

Колку заработија екипите што играа во ЛШ?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во изминатата сезона подели...

United in Isolation, Putin and Kim Keep the World Guessing About Their Sanction-Busting Plans

Nearly a quarter-century after his last visit to Pyongyang,...