Циндриќ пред портите на Динамо Букурешт

Циндриќ пред портите на Динамо Букурешт

Поранешниот член на Вардар и Металург, Лука Циндриќ, во следната сезона би можел да го носи дресот на Динамо Букурешт, пишува „RTH Handball“.

За средниот бек, кој во последните четири сезони го носеше дресот на Барселона, постои голем интерес од романскиот шампион.

Циндриќ во дел од неговата кариера во каталонскиот гигант соработуваше со актуелниот тренер на Динамо Букурешт, Чави Пасквал.

Динамо Букурешт за следната сезона ангажираше неколку засилувања, меѓу нив е и довчерашниот голман на Веспрем, Владимир Цупара.

Доколку се реализира овој трансфер, тогаш Динамо Букурешт ќе има поконкурентен тим за Лигата на Европа.

Првакот на Романија во рамки од групниот сегмент од Лигата на Европа за ривали ги има Извиѓач од БиХ, Шамбери од Франција и Фуксе Берлин од Германија.

 

Завршува љубовта меѓу Циндриќ и Барса – Хрватот ќе добие цела годишна плата!

 

Динамо Букурешт руши рекорди во Романија – плати 125.000 евра за Цупара!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ