Две лица осомничени за недозволена трговија со марихуана

Поради основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица.

На 26 јули, осомничениот 47-годишен жител на струмичкото село Банско договорил со пријател да го превезе до Кочани. Додека сведокот го чекал на бензинска пумпа, осомничениот отишол на локација каде знаел дека биле оставени 908,8 грама наркотична дрога – марихуана, ги зел и ги предал на осомничената 37-годишна жителка на Кочани. Таа требало со автомобил да ја пренесе дрогата кон селото Ореше, но ја запреле полициски службеници од СВР Велес. При претрес на возилото била пронајдена преземената марихуана, но и уште едно пакување од 1.008,4 грама, скриено во „бункер“ на подот зад возачкото седиште во автомобилот.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничените да го повторат делото, јавниот обвинител до Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...

Колумна: Мицкоски Versus Мицотакис – OhridNews

Абре таман сиромајот се фати на орото одма се...