ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Кадетите по победа против силната Унгарија

Машката кадетска репрезентација на Македонија денес на Светското првенство во Хрватска ќе се соочи со незгодната Унгарија во разигрувањето за пласман од 9 до 12 место.

Ако победиме ќе играме со подобриот од дуелот Чешка – Саудиска Арабија за 9 место, а доколку загубиме со поразениот од истиот натпревар за 11 место.

Натпреварот меѓу Македонија и Унгарија ќе се одигра во хрватскиот град Копривница, со почеток од 20:00 часот.

Освен натпреварите за пласман од 9 до 16 место, како и оние од Президент Купот, на денешната програма ќе бидат и четвртфиналните дуели.

Битката за полуфинале ќе биде отворена со дуелот меѓу Фарски Острови и Египет. Фарски Острови е едно од изненадувањата на кадетскиот Мундијал и со триумф над „фараоните“ ќе го оствари најголемиот ракометен успех во својата историја.

Со почеток од 15:30 часот ќе се соочат Шпанија и Германија, потоа од 18:00 часот играат Данска и Португалија, додека од 20:30 часот, домаќинот Хрватска ќе и се спротистави на Норвешка и ќе се обиде со помош на публиката да стигне до најдобрите четири светски репрезентации.

Распоред на денешните натпревари на Светското кадетско првенство:

12:30 АЛЖИР – ЧИЛЕ

12:30 БРАЗИЛ – ИРАН

12:30 НОВ ЗЕЛАНД – МЕКСИКО

13:00 ФАРСКИ ОСТРОВИ – ЕГИПЕТ

15:00 СЛОВЕНИЈА – АВСТРИЈА

15:00 ЈАПОНИЈА – АГРЕНТИНА

15:00 БАХРЕИН – БУРУНДИ

15:30 ШПАНИЈА – ГЕРМАНИЈА

17:30 ЧЕШКА – САУДИСКА АРАБИЈА

17:30 РУАНДА – ГРУЗИЈА

17:30 МАРОКО – ЦРНА ГОРА

18:00 ДАНСКА – ПОРТУГАЛИЈА

20:00 УНГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА

20:00 ИСЛАНД – ШВЕДСКА

20:00 ЈУЖНА КОРЕЈА – САД

20:30 ХРВАТСКА – НОРВЕШКА

Распоред на денешните натпревари на ЕХФ шампионатот за кадетки во Турција и Азербејџан:

09:15 ФАРСКИ ОСТРОВИ – ШПАНИЈА

11:00 ФИНСКА – КОСОВО

11:30 ГРУЗИЈА – БИХ

13:15 СЛОВАЧКА – ПОЛСКА

13:45 ЛУКСЕМБУРГ – ГРЦИЈА

15:30 АВСТРИЈА – ИТАЛИЈА

16:00 СЛОВЕНИЈА – ЛИТВАНИЈА

17:45 ТУРЦИЈА – ЛЕТОНИЈА

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...

ИЗБЕРИ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)

Зад секој успех на тимот стојат и поединци...