Денес на Светското кадетско првенство во машка конкуренција и на Европското кадетско првенство во женска конкуренција ќе се одиграат финалилните дуели.
На Светското првенство во Хрватска за златото ќе се борат репрезентациите на Шпанија и Данска, додека домашната селекција со почеток од 17:30 часот ќе се соочи со Египет во дуел за бронзата.
За 5 место ќе играат Германија и Португалија, а репрезентациите на Фарски Острови и Норвешка ќе имаат дуел за 7. позиција.
Во финалето на Европското кадетско првенство ќе ги гледаме Данска и Франција. За бронзениот медал на кадетскиот континентален собир ќе ги гледаме Хрватска и Германија.