Државниот Архив во соработка со „Британската библиотека“ почна дигитализација на заоставштината на Браќата Манаки

Државниот архив, во соработка со ,,Британската библиотека”, во наредните две години ќе го дигитализира целокупниот материјал и заоставштина на браќата Манаки. Проектот за соработка со ,,Бритиш лајбрери” и за дигитализација на целокупното творештво на браќата Манаки веќе е потпишан од страна на директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, а, разбирливо, овој проект главно ќе го води екипа на Државниот архив – одделение Битола, предводена од раководителот, Гоце Стојановски.

„Во Договорот, меѓу другото, се потенцира дека главна цел е комплетната дигитализација на документите и фотографиите на првите филмаџии на Балканот, Јанаки и Милтон Манаки. Материјалите се наоѓаат во Државниот архив – одделение Битола, кое главно ќе ја спроведе целосната дигитализација.

Во Државниот архив имаме над 7.000 стаклени негативни плочки, над 3.000 ролни филмска лента и над 10.000 оригинални фотографии од крајот на 19-от век, па се до смртта на Милтон во 1964 година. Оваа наша збирка на фотографии и филмски материјали е една од најзначајните на Балканот и затоа треба и натаму добро и професионално да ја заштитиме и да ја чуваме“ – изјави директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.


Post Views:
302

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Гигов и ПАОК ја продолжија победничката серија

Тимот на ПАОК Солун, каде што брани македонскиот...

Ќе ни недостигаат ли? Последна собраниска седница за овој парламентарен состав

Македонските пратеници денеска ќе ја започнат последната пленарна седница...

Струга добива нов ракометен клуб

Градот расадник за ракометари, Струга, од каде потекнуваат...

Саемот на книга продолжува да расте инспирирајќи генерации читатели и писатели во Македонија

Традицијата на „Саемот на книгата“ во Скопје е негувана...