Екс репрезентативка на Македонија започнува тренерска кариера

Поранешната репрезентативка на Македонија, Меги Гичева, не планира крај на играчката кариера и во претстојната сезона ќе го носи дресот на Деспина.

Искусната ракометарка, која последните интернационални ангажмани ги имаше главно на Косово, најверојатно ќе биде и тренер на клубот од Прилеп.

Гичева ќе биде задолжена за работа со помладите категориии и ќе се обиде стекнатото искуство да им го пренесе на најмладите прилепчанки.

Пионерките на Деспина во минатата сезона играа на Ф4 турнирот и завршија на трето место, додека кадетките стигнаа до четвртфиналето во својата категорија, па така Гичева ќе има полни раце работа во обидот да се повторат минатогодишните резултати, но и да се направи чекор повеќе.

38-годишната ракометарка во својата интернационална кариера го носеше дресот на поранешниот романски суперлигаш Цетате Дева, Верона од Италија, Верија од Грција, како и на косовските Приштина, Вучитрин и Феризај.

Во Македонија настапуваше за Кометал Ѓорче Петров, Еуростандард Ѓорче Петров, Кабран Амбалажа,  Жито Прилеп и Гевгелија.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...

Колумна: Мицкоски Versus Мицотакис – OhridNews

Абре таман сиромајот се фати на орото одма се...

Металург Автокоманда ја задржа перспективната Беровиќ

Share Левиот бек Таида Беровиќ и во следната сезона...