Здравко Постолов се врати во Радовиш

Екипата на Радовиш во новата сезона ќе игра во Првата лига, откако во минатата сезона не успеа да го сочува суперлигашкиот статус, односно не обезбеди опстанок во елитата.

Иако клубот ќе игра во прволигашката конкуренција, сепак, успеа да задржи дел од играчите од минатогодишниот состав и во своите редови го врати левиот бек Здраво Постолов.

24-годишниот ракометар во својот матичен клуб се враќа од Тиквеш и одново се очекува да биде предводник во тимот на Љупче Мијалов.

Радовиш со камбекот на Постолов ја истканува кандидатурата за едно од местата, кои што водат во плеј-оф фазата во Првата лига.

Клубот ги продолжи договорите со голманот Кристијан Костадиновски, крилото Костадин Ѓоргиев, бековите Иванче Ончев Филип Талевски и Филип Костадинов.

Во сениорскиот тим ќе бидат прекомандувани неколку играчи од младинските категории и до почетокот на сезоната не се исклучува можноста да пристигнат две до три засилувања.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Храбрата Македонија попушти во финишот и остана без бодови против Црна Гора

Женската младинска репрезентација на Македонија во последниот натпревар...

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со две промени против Црна Гора

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Заврши сонот за четвртфинале, Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место

Женската младинска репрезентација на Македонија на Светското првенство...