
Проширување. На што прво ве потсетува овој збор? Да, да на тоа дека ЕУ во своите редови ќе прима нови членки.
Е за тоа проширување се вергла нон-стоп, ама тоа никаде го нема. Се прошируваат само објаснувањата зошто го нема датумот кога ќе ни го дадат датумот на кој датум ќе станеме членка на Унијата. Секако, се прошируваат и условите кои ги бараат од Македонија
Еве, деновиве засилено пак се зборува за проширувањето на ЕУ. И пак се даваат датуми.
Најново е од вчера кога еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји реагира по повод неговиот евробироктарски колега Шарл Мишел кој милозвучно ни најави дека ЕУ ќе биде подготвена за прочирување во 2030 година:
-Ако ова е порака од Советот дека Советот сака конечно да се ангажира и да направи голем исчекор за проширувањето да се случи, тоа е добродејдена вест. Комисијата е подготвена да даде каков било предлог за да стигнеме дотаму (проширувањето), а тоа ќе се случи веќе во октомври, кога сакаме да дадеме суштински предлози, изјави Вархеји.
Значи, во октомври ќе ни кажеле што предлагаат околу датумот и проширувањето. Значи, ли тоа дека датумот од претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел веќе не важи?
Некако ЕУ почна да ги меша бризините. Затоа мора да си прашаме. А, баш деновиве за брзини зборуваше и претседателот на Франција, Еманиел Макрон:
-Ризично е да мислиме, дека можеме да се прошириме без реформи. Можам да посведочам дека на Европа и е доволно тешко, да напредува на чувствителни теми со 27 членки, со 32 или 35 членки нема да биде полесно. Ќе ни треба смелост да прифатиме поголема интеграција во некои области, а можеби дури и Европа со „повеќе брзини“, истакнал Макрон на годишниот состанок со француските амбасадори.
Кој го има главниот збор во ЕУ околу ДАТУМОТ? Има ли во Брисел вистинска стратегија за проширување или секој од тамошните званичници може да ни ветува она што му се гледа прикладно на приликата во која зборува?
Зарем е можно така успешна Унија да е единствена се само во барањата и условањата кои Македонија морала веднаш да ги исполни ако сакала да ја фати кваката од вратата на ЕУ?
А цврст и единствен став во Брисел за ДАТУМОТ камо?